Реклама
Нега и здравје

Босанската пејачка ја изгуби битката со ракот – ова се симптомите на БОЛЕСТА од која умираат и многу жени во Македонија!

Реклама

Бројките се поразителни – се повеќе жени заболуваат од рак во Македонија 

Смртта на познатата босанска пејачка Азра Колаковиќ попозната како Дона Арес повторно го направи актуелно прашањето кои се симптомите кои го најавуваат канцерот, кои се методите за лечење, но и она што е најважно кои се мерките за превентива како најефикасно средство во борбата против малигните заболувања. Дона во 2014 дозна дека боледува од рак на белите дробови. По еден месец откако дозна за болеста започна со хемотерапија. Тогаш и ја доби првата битка, но за жал ракот во 2015 се врати, со метастази, а се прошири и на матката. Сепак Дона не се предаде, па и во 2015 беше посилна од канцерот како и во 2016, и до пред само неколку месеци во 2017 кога изгледаше дека болеста се повлекува.

Маркетинг

Но за жал болеста беше посилна од Дона!

Маркетинг

За жал оваа болест е секојдневие и на голем број жени во Македонија, а меѓу нив голем број се бори токму со канцер на белите дробови. Кај жените најчесто се јавуваат малигни тумори на градите, дебелото црево, белите дробови и на грлото на матката. Фрапантни се и бројките, бидејќи во европските земји постои тренд на намалување на оваа болест, додека кај нас бројката на забелените и умрените од малигни заболувања континуирано е во пораст. Спорд последните истражувања Македонија е помеѓу малкуте земји во Европа каде стапката на смртност од рак во периодот од 2000 до 2012 година расте и е зголемена за 9 отсто. Има благо намалување единствено на смртноста од рак на дојка и на матка како резултат што расте свесноста кај жените за превентивни прегледи

Симптоми и причини

Најчестите симптоми се кашлање (вклучувајќи искашлување на крв), губење на телесна тежина и недостиг на воздух. Ракот на белите дробови може да се види на градна радиографија и компјутеризирана томографија. Дијагнозата се потврдува со биопсија.Таа вообичаено се извршува преку бронхоскопија или преку биопсија водена од компјутеризирана томографија. Лекувањето и прогнозата зависат од хистолошкиот вид на рак, стадиумот (степен на ширење) и општата состојба на пациентот. Во вообичаените форми на лекување се вклучени хируршка операција, хемотерапија и радиотерапија. Крупноклеточниот карцином понекогаш се лекува со операција, додека ситноклеточниот обично подобро реагира на хемотерапија и радиотерапија.

Преживувањето зависи од стадиумот, општото здравје и други фактори. Општо, во Соединетите Американски Држави, 15% од луѓето со белодробен рак преживуваат пет години по дијагнозата. Ширум светот, белодробниот рак е најчестата причина за канцер-асоцирана смртност меѓу мажите и жените и е одговорна за 1,38 милиони смртни случаи годишно од 2008 година

Што се однесува до тоа што предизвикува да се појави оваа опасна болест, според докторите ракот само во мал процент е резултат на генетските фактори, а многу повеќе на начинот и стилот на живеење, односно на нашето однесување и влијанието на средината. Конкретно за рак на белите дробови најголем причинител е пушењето. Ризикот можат да го зголемат и некои други фактори – изложеност на чад од цигари, односно пасивно пушење, изложеност во животна или работна средина во која е присутен радон, азбест или силикати кои ги има во рудниците, потоа загаденоста на воздухот што е многу чест случај во Македонија, како и професионалната изложеност на некои хемиски соединенија

Статистиката е поразителна!

На важноста за превенција предупредуваат и поразителните бројки. Канцерогените заболуивања се втората причина за смртност во нашата држава, веднаш по болестите на циркулаторниот систем. Околу 20 проценти од вкупно умрените всушност умреле од некој рак и оваа бројка според последните истражувања во Македонија постојано расте.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button