Домовите на Парис Хилтон, Леонардо ди Каприо, Ентони Хопкинс и други ѕвезди уништени од пожар во Лос Анџелес – „срцето ми е скршено“ (видео)
„Благодарам на пријателите кои нè засолнаа“.

Во страшниот пожар во Лос Анџелес се уништени домовите на многу холивудски ѕвезди, меѓу кои на Парис Хилтон, Леонардо ди Каприо, Ентони Хопкинс, Лејтон Мистер и Адам Броди, и други. Некои познати личности го гледаа пожарот „во живо“.
„Срцето ми е скршено. Не би посакала никому во живо да гледа како вашата куќа гори“, напишала Парис Хилтон на социјалните мрежи.

„Срна во потрага по сигурно место во зачадениот град“ – додаде Хилтон.
Многу ѕвезди ги напуштија своите домови.
„Благодарам на пријателите кои нè засолнаа минатата ноќ. Се обидувам да не ги оптоварам децата со силната тага и загриженост што ја чувствувам. Се молам за сите во нашиот прекрасен град. Толку сме уништени од уништувањето и загубата. Не знам дали нашите домот сè уште стојат таму“, изјави актерката Менди Мур.

Во пламен е и домот на топ моделката Бела Хадид.

Криси Тајген на социјалните мрежи напиша дека биле принудени да се евакуираат и покажа како ги пакува своите работи.
„Сите сме добро сега, иако ми е чудно да го кажам ова кога знаеме дека многумина не се добро. Господ да ги благослови пожарникарите и сите спасувачи“.

Како што пишува Дејли Мејл, и актерот Бен Афлек го напуштил својот дом: отишол кај поранешната сопруга Џенифер Гарнер.
Загрозени беа и домовите на други ѕвезди: Џенифер Анистон, Адам Сендлер, Том Хенкс, Стивен Спилберг, Рис Витерспун, Бредли Купер и други.