Домашно миризливо средство против комарци – се подготвува за 5 минути, а ги одвраќа без капка токсична хемија

Планирате романтична вечер на тераса или во двор, но се плашите од досадните комарци? Подгответе едноставно домашно средство кое ќе ве заштити – и тоа за само 5 минути!
Порталот Sugar&Charm нуди ефикасен и природен рецепт за средство против комарци кое освен што делува, исто така има и прекрасен мирис.
Тегли со цитронела не само што изгледаат убаво како декоративен елемент, туку и навистина помагаат да ги држите комарците на растојание. Со комбинација на растенија и природни репеленти, ќе обезбедите пријатна и безбедна атмосфера за вашето семејство и за гостите во топлите летни вечери.
Ова се 6 растенија што ги одбиваат комарците и кои можете да ги ставите во тегла:
Лаванда
Нане
Рузмарин
Босилек
Мелиса
Цитронела (најдобро во форма на етерично масло)
Како да подготвите природен репелент:
Наполнете стаклена тегла со свежи ароматични билки и парчиња цитрус (лимон, портокал).
Додадете свежа вода до горниот раб.
Капнете неколку капки етерично масло од цитронела (го има и во аптеките).
Ставете пловечка свеќа на врвот, запалете ја и уживајте.
Ова е едноставна и природна алтернатива на хемиските средства, со додатен бонус – изгледа прекрасно и мириса освежувачки.