Рецепти

Домашни посни полнети пиперки со компир – фантазија од мирис и вкус!

Одличен рецепт за посни полнети пиперки – прсти да излижеш!

Реклама
Реклама

Откако еднаш ќе ги пробате, засекогаш ќе ги правите. Фантазија од вкусови, навистина се врвни!

Потребни состојки:

3–4 компир

Маркетинг

8–10 пиперки

1 домат

Маркетинг

1 главица кромид

1 морков

4 чешниња лук

200 мл варен домат (домашен доматен сос)

50 мл вода

2 лажици инстант од печурки

масло

сол, бибер, магдонос

Подготовка:

На загреано масло запржете ситно сечкан кромид или праз, а потоа додајте ситно сечкан морков.

Откако ќе омекнат, додадете го ситно сечканиот компир и пржете неколку минути.

Додадете го излупениот и исечкан на коцки домат, сечканиот лук, сол, бибер и магдонос. Промешајте и кратко запржете.

Пиперките измијте ги и исчистете ги од семето.

Плехот намастете го со малку масло.

Со подготвениот фил наполнете ги пиперките и наредете ги во плехот. Затворете ги со кругови домат.

Во мала чинија измешајте го варениот домат, водата и инстант мешавината од печурки. Прелијте ги полнетите пиперки со овој сос.

Секоја пиперка малку намастете ја со масло и печете ги во загреана рерна околу 40 минути на 220°C.

фото-принтскрин јутјуб

Уживајте во оваа фантазија од вкусови!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button