MAMAРецепти

Домашни баунти чоколада – само со четири состојки, брзо и лесно

Ова е совршен десерт за сите кои сакаат комбинација од кокос и чоколадо, идеален за секоја пригода!

Advertisement

Доколку сте љубител на слатките со кокос, а слабост во се баунти чоколадата, овој рецепт ќе ви стане омилен.

Со само неколку состојки и едноставен начин на подготовка, ќе добиете десерт што плени со својот богат вкус и текстура. Без разлика дали ќе ги направите во форма на колач подготвен во тавче или како штангли, резултатот ќе биде фантастичен, а особена радост ќе им донесете на дечињата.

Advertisement
принтскрин јутјуб

Еве како да ги подготвите лесно сами баунти чоколадата и да ги воодушевите вашите најблиски.

Состојки:

200 г кокос

100 мл слатка павлака

Advertisement

70 г шеќер во прав

70 г путер

200 г чоколадо за готвење

принтскрин јутјуб

Подготовка:

Во сад измешајте го кокосот и шеќерот во прав. Во тенџере загрејте ја слатката павлака и путерот на тивок оган додека путерот целосно не се растопи.

Оставете смесата да се излади, па прелијте ја врз кокосот и шеќерот. Измешајте убаво, додека добиете густа и компактна смеса.

Подготовката можете да ја обликувате на два начина: полесниот начин е да ја израмните во плех, слично како бајадера.

Вториот начин е да формирате штангли со рацете и да ги наредите врз алуминиумска фолија. Без разлика кој метод го изберете, смесата треба да се остави во фрижидер за да се стегне.

принтскрин јутјуб

Потоа, врз изладените штангли прелијте го растопеното чоколадо или потопете ги во чоколадото и повторно вратете ги во фрижидер за да се стврднат.

принтскрин јутјуб

Уживајте во незаборнавниот баунти вкус!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button