Патувања

Домашна атмосфера, спектакуларен поглед, дружба со срнички – во срцето на Малешевијата се крие оваа оаза што ги буди сите сетила

Барате место за бегство од градот? Имаме препорака за вас.

Advertisement

Во срцето на Малешевијата, опкружен со густа борова шума и чист планински воздух, Ловен Дом Берово претставува вистински рај за гурманите, љубителите на природата и сите кои бараат тишина, традиција и топол престој како да сте во совршена домашна атмосфера.

Ловен фом/букинг
Ловен дом/Фејсбук

Гастрономско наследство што се пренесува низ генерации

Ловен Дом Берово е место каде што вкусовите зборуваат гласно. Ресторанот е горд на своите традиционални малешевски јадења и деликатеси од диво месо, подготвени од свежи локални состојки што се набавуваат од околината. Рецептите се пренесуваат низ генерации, а секој залак ја носи приказната за богатото културно наследство на Малешевијата.

Advertisement
Ловен фом/Фејсбук

Ќе дегустирате совршено беровско сирење, баница со тенки кори, домашен ајвар и пинџур, сочни јадења како телешки мускул со сос од вргањ, малешевско грне задушено во тесто, ловечка плескавица од диво свинско месо во шумски сос, специјалитети од дивеч кои се синоним за овој крај.

Најслаткиот дел од трпезата е прочуената „бабина торта со слатко од шумски јагоди“, десерт кој ги буди сите сетила.

Ловен фом/Фејсбук

Совршено место за уживање во природата

Природата е насекаде околу вас. На само пет километри се простира прекрасното Беровско Езеро, додека манастирот „Св. Архангел Михаил“ е на неколку стотина метри од објектот. Објектот располага со шест модерно опремени соби, секоја со приватна бања, телевизор (ако воопшто ви е потребен при ваква убавина) и поглед кој смирува кон боровата шума или кон живописниот град.

Ловен фом/Фејсбук

Ова е идеален избор за викенд одмор, продолжен престој или бегство од секојдневието. Се разбира, токму тука може да ги поминете и претстојните празници, Нова година или Божиќ.

Ловен фом/букинг
Ловен фом/Фејсбук

Активности и доживувања

Ловен Дом Берово нуди и авантура. Од неодамна, гостите можат да уживаат и во нови атракции: јавање коњи низ боровата шума, со ранч на само 1,5 км од ресторанот, за децата пак, тука е незаборавна дружбата со срни, еленчиња, зајчиња, а за љубителите на андреналинот има оф-роуд тури со џип, возење велосипед, маркирани планинарски патеки со различни должини. Со еден збор, тука никогаш нема да ви биде здодевно, ни вам ни на вашите најмили и најмали.

Ловен фом/Фејсбук
Ловен фом/инстаграм
Ловен фом/Фејсбук
Ловен фом/Фејсбук

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button