MAMAДом и семејствоРецепти

Домашен среќен пудинг за деца, готов за пет минути – здрави намирници, кремаст и превкусен

Се подготвува за неколку минути, не бара варење и целосно е направен од природни состојки.

Advertisement

Да се најде здрава ужина што е во исто време и вкусна и привлечна за децата е вистински предизвик.

Пудингот отсекогаш бил омилена детска ужинка, но купечките верзии, за жал, се преполни со шеќери, бои и адитиви кои не се најдобар избор за секојдневна исхрана.

Advertisement

Затоа, овој домашен рецепт е вистинска револуција. Се подготвува за неколку минути, не бара варење и е целосно направен од природни состојки.

Чоколадниот „Среќен пудинг“ од авокадо и банана има совршено кремаста текстура, богата арома и природна слаткост. Комбинацијата на состојките не е само вкусна, туку и вистинска нутритивна формула за здравје и енергија.

Авокадото е еден од најдобрите извори на здрави масти, особено на мононезаситени масни киселини кои го поддржуваат здравјето на срцето и мозокот. Тоа е богато и со калиум, витамин Е и антиоксиданси кои ја неутрализираат штетата од слободните радикали и ја одржуваат кожата еластична и свежа.

Advertisement

Бананата му ја дава природната сладост на пудингот и е совршен извор на енергија. Таа е богата со витамин Б6, кој помага во производството на серотонин – хормонот на среќата, а растителните влакна што ги содржи го поддржуваат здравото варење и го регулираат шеќерот во крвта.

пекселс

Какаото во овој рецепт не е само за вкус, тоа е вистинска супернамирница. Содржи магнезиум, железо и антиоксиданси кои ја подобруваат концентрацијата, го поттикнуваат расположението и го зајакнуваат имунитетот.

Растителното млеко, без разлика дали е бадемово, кокосово или овесно, го прави пудингот кремаст и го збогатува со витамини и минерали без дополнителен холестерол. Ванилата, пак, му дава нежна арома и делува смирувачки на нервниот систем.

Начин на подготовка

Приготвувањето е едноставно: во блендер се ставаат едно зрело авокадо, банана, две лажици какао, малку растително млеко (кокосово, бедемово или овесно) и прстофат ванила.

Доколку сакате послатка варијанта, додадете малку мед или јаворов сируп.

Сè се блендира додека смесата стане мазна и кремаста. Пудингот може да се сервира веднаш или да се остави во фрижидер 15 минути за поцврста текстура.

Оваа природна комбинација не е само ужина, туку и вистински енергетски оброк кој го храни телото и умот. Благодарение на здравите масти, природните шеќери и растителните влакна, пудингот го стабилизира нивото на енергија и ја намалува потребата за нездрави грицки.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button