Кога летните жештини ќе го направат денот неиздржлив, ништо не освежува повеќе од домашен сладолед од лубеница.
Овој рецепт е едноставен, брз и не бара посебна опрема или брдо намирници. Со само неколку состојки, ќе добиете кремаст и природно сладок сладолед, кој ќе ве освежи и ќе ви донесе вистинско уживање.
За полн вкус и идеална текстура, важно е да користите зрела лубеница и да ја замрзнете однапред.
Состојки:
800 г лубеница (без кора и без семки)
150 г јогурт со вкус на јагода
2 лажици мед
Арома од јагода (по желба)
Прехранбена боја (по желба)
Чоколадни трошки (за посипување)
Подготовка:
Користете зрела лубеница за поинтензивен вкус и природна слаткост – задолжително замрзнете ја однапред за да добиете вистинска структура на сладолед без кристали.
Исечете ја лубеницата на коцки, ставете ги во кеса или на плех и замрзнете најмалку 2 часа. Потоа половина од замрзнатите коцки ставете ги во блендер, додадете јогурт, мед и по желба арома од јагода.
Миксајте додека смесата стане мазна. Додадете ги преостанатите коцки и продолжете со мешање додека добиете густа, мазна и кремаста смеса.
Ако сакате потемна розова боја, додадете малку прехранбена боја и кратко измешајте.
Префрлете ја смесата во стаклен или пластична сад, покријте ја со фолија и замрзнете околу 6 часа, додека убаво се стегне.

Сладоледот послужете го во чаши или чинии, украсен со чоколадни трошки за дополнителен вкус и привлечна декорација.