Шумскиот мед веќе одамна се смета за крал меѓу медовите, заради своите исклучителни лековити својства.
Шумскиот мед го зајакнува имунитетот, има антибактериско и противовоспалително дејство, а помага и при респираторни заболувања и ја подобрува општата виталност.
Најчесто „држи“ повисока цена, но сега може да го подготвите и вие, брзо и лесно во домашни услови и тоа набрзина, за 10 минути!
Што ви е потребно? Само две состојки!
Рецепт што освојува „од прва“
Потребни ви се само две состојки – лешници и мед од костен. Нивната комбинација создава густ и ароматичен намаз, богат со природни ноти и полн со хранливи материи.
Да ве потсетиме, мед од костен се произведува на повеќе места низ Македонија, достапен е и во поголемите супермаркети, но ние ви го препорачуваме особено медот од костен од регионот на Беласица.
Состојки (за една тегла):
125 г лешници
140 г мед од костен (или друг мед по ваш избор)

Подготовка
Лешниците ставете ги во блендер или во „сечко“ и сомелете ги додека да добиете груба паста. Во пастата додадете го медот и продолжете да мешате додека смесата стане мазна и кремаста.
Ставете го готовиот намаз во стаклена тегла и добро затворете ја, а потоа чувајте ја во фрижидер.
Вака подготвениот мед не содржи вештачки адитиви, туку само природни состојки.
Уживајте во вкусот, и секако, во подобреното здравје!