Вообичаено, советите за слабеење вклучуваат утрински ритуали и пијалаци на празен стомак. Но, сè повеќе нутриционисти препорачуваат и пијалак пред спиење, специјално подготвен за да го поттикне варењето, да ја намали надуеноста и да овозможи полесен сон, додека телото продолжува да согорува калории и во текот на ноќта.
Рецептот е едноставен, но многу ефикасен:
Измешајте 200 мл свеж сок од ананас, една лажичка цимет и пола лажичка ким (кумин). Напитокот се пие 20–30 минути пред легнување.
Клучната состојка е бромелаин – ензим што се наоѓа во ананасот и игра клучна улога во разградувањето на протеините. Тој го стимулира дејството на други важни ензими како трипсин и пепсин, што резултира со побрзо и поефикасно варење на храната.

Дополнително, ананасот е богат со антиоксиданси и природни влакна, кои помагаат во чистење на дигестивниот систем.
Циметот, пак, е познат по своето антивоспалително дејство, но и по способноста да го намали нивото на шеќер во крвта и да ја стабилизира енергијата. Тој драстично ја намалува надуеноста, ги ублажува грчевите и го регулира варењето.
Кумин (ким) е зачин со силен термоген ефект, го забрзува метаболизмот и е докажано ефикасен при топење на маснотии, особено во пределот на стомакот. Често се нарекува „тајна состојка за брзо слабеење“ бидејќи ја поттикнува термогенезата, процес во кој телото согорува калории за да ја задржи топлината.
Со редовна консумација на оваа домашна напивка без промена на исхраната многумина забележуваат видливи резултати веќе по 15 дена: рамен стомак, подобра пробава и полесно заспивање.
Совет: Напивката делува најдобро ако се комбинира со лесна вечера и барем минимална физичка активност во текот на денот.