Рецепти

Домашен леб, екстра здрав, евтин, речиси без калории: Без брашно, без месење, совршен за слабеење и превкусен!

Без брашно е и без глутен – тоа го прави одличен за сите што сакаат поздрава алтернатива или се на диета. Богат е со влакна – го подобрува варењето и ве држи сити подолго!

Advertisement

Замислете леб што не дебелее, се прави без мака и останува свеж подолго време. Овој здрав, хранлив и неверојатно вкусен леб е вистинска револуција во исхраната. Без глутен, без брашно и без комплицирани техники на месење – доволно е само да ги измешате состојките и да го испечете.

Тајната состојка што му дава мекост и ја подобрува текстурата е псилиум (psyllium) – природно растително влакно што апсорбира влага, го врзува тестото и го прави лебот подолготраен. Само две лажици псилиум се доволни за да го добиете тој совршен резултат, а 150 грама од оваа состојка (органски псилиум во прав) чини 360 денари. За еден леб вам ви требаат само две лажици, значи ќесичката подолго ќе ја користите.

Advertisement

Другата главна состојка е лененото семе, кое е богато со омега-3 масни киселини, влакна и протеини.

фото пекселс

За овој рецепт се потребни две чаши мелено ленено семе.

Инаку лененото семе е достапно по пристапна цена од само 180 денари за килограм.

Advertisement

Оваа комбинација не само што го прави лебот исклучително хранлив, туку и идеален за оние што сакаат да се хранат здраво и да одржат убава линија.

Состојки

Две чаши мелено ленено семе

Две лажици цели ленени семки (може, но не мора)

Две јајца

Една лажичка сода бикарбона

Една лажица јаболков оцет

250 мл топла вода

Половина лажичка сол

Две лажици псилиум

фото пиксабеј

Како се подготвува

Загрејте ја рерната на 180°C и обложете калап за леб со хартија за печење.

Во поголем сад, измешајте го меленото ленено семе со сода бикарбона, сол и псилиум.

Додадете ги јајцата и јаболковиот оцет, па добро промешајте.

Постепено додавајте ја топлата вода додека добиете густа, но течна смеса.

Истурете ја смесата во калапот и одозгора посипете со цели ленени семки (може, но не мора).

Печете 45-50 минути, или додека лебот добие убава златна боја.

Оставете да се излади целосно пред сечење.

Зошто овој леб е вистинска револуција

Без брашно е и без глутен – тоа го прави одличен за сите што сакаат поздрава алтернатива. Богат е со влакна – го подобрува варењето и ве држи сити подолго!

Псилиум го прави мек и подолготраен – не се суши брзо како другите безглутенски лебови
Многу е лесен за подготовка – само измешајте, истурете и испечете!

Згора на тоа, овој леб е совршен за слабеење – без „празни“ јаглехидрати, а полн со хранливи материи.

Колку калории и јаглехидрати има во парче од овој леб?

фото-пекселс

Едно парче (околу 50 г) од овој леб содржи:

120 калории

3-4 г јаглехидрати

6-7 г протеини

8-9 г масти

5-6 г влакна

Благодарение на нискиот број јаглехидрати и високата содржина на влакна и здрави масти, овој леб е одличен избор за оние што сакаат да одржат стабилно ниво на шеќер во крвта и да останат сити подолго време.

Овој леб е здрав, вкусен и толку едноставен за правење! Пробајте, и уверете се сами.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button