Рецепти

Како да направите домашен еурокрем

Реклама
Реклама

Направете го овој прекрасен домашен еурокрем и израдувајте ги вашите деца! Изгледа како купечкиот крем, но е далеку повкусен и поздрав.

Маркетинг

Потребни состојки:
–    150 мл. вода
–    300 гр. шеќер
–    2 кесички ванилин шеќер
–    200 гр. путер
–    200 гр. млеко во прав (можете да употребите и соино, оризово млеко и сл. )
–    100 гр. чоколада (може и црно ако сакате)
–    100 гр. бела чоколада

Начин на подготовка:

Ставете ги во соодветно лонче водата, шеќерот и ванилиниот шеќер , промешајте и загревајте на оган додека не се растопи шеќерот. Потоа додадете го белото чоколадо и мешајте додека не се растопи. Кога ќе почне да врие тргнете го лончето од шпоретот и оставете го да се олади смесата. Потоа додадете го путерот и млекото во прав па се убаво измешајте и поделете ја добиената смеса на два дела. Стопете го чоколадо на пареа па додадете го во едниот дел, а другиот оставете го бел.
Земете една соодветна поголема тегла и сипете ја темната смеса па белата, или пак и двете заедно и затворете ја теглата. Вашиот крем е готов!

Маркетинг

Извор: stipka.mk/ dnevno.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button