Реклама
FashionСтил

ДОЛГО ЧЕКАЛЕ: Најголемата радост пристигна во домот на нашата инфлуенсерка и фотографка

Открива дека поминале перепетии, но среќата им се насмевнала кога најмалку очекувале.

Реклама

Познатата фотографка Стефани Христов во последните години е многу популарна на социјалните мрежи и како инфлуенсерка. Таа е секогаш уникатна и храбра кога е во прашање нејзиниот моден изглед.

За време на бременоста не пропушти ниту еден настан каде што со своето појавување го привлекуваше своето внимание.

Стефани е мотивација за жените, инспиративна дама која плени со својата креативност.

Маркетинг
фото: Фејсбук- Стефани Христов

Вчера Стефани ја сподели радосната вест со своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи. Таа и нејзиниот сопруг, уметникот Горазд Христов добија син.

Името на малиот херој е Џулиан, а мама Стефи напиша дека друг пат ќе ја образложи приказната како дошле до ова име, но и други интерсни факти околу бременоста. Открива дека поминале перепетии, но среќата им се насмевнала кога најмалку очекувале.

Маркетинг

Најубавиот ден во мојот живот…
Џулиан, денес конечно те запознавме и се чувствувам како да сонувам 🥹
Изминативе неколку години поминавме низ многу за да добиеме дете и секое ново разочарување не доведе до моментот да кренеме раце…и кога најмалку очекувавме спонтано се случи 👶
Ништо не е случајно, од моментот како дојдовме до името, до овој конкретен датум на кој се роди.
Таа приказна ќе ја оставам за некој нареден пост…сега ќе ви се заблагодарам на сите за преубавите честитки и ќе се дисконектирам за да уживам во секој нов момент со нашиот си – напиша Христов.

Во продолжение еве неколку предлози од модните изгледи на Стефи додека беше бремена, па храбрите трудниците сигурно ќе добијат идеја за да се дотераат на еден смел моден начин.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button