Ги покриваат крупните нозе, го издолжуваат телото и делуваат елегантно: тие знаат како се носат долги здолништа
Долгите здолништа се хит и оваа сезона.
Ако ги немате во вашите плакари, време е да ги набавите…
Тие беа хит и минатата сезона, а според она што можевме да го видиме на улиците за време на најпознатите модни случувања во светот повеќе од сигурни сме дека нема да одат никаде и во следниот период. Особено се популарни плисираните модели во нежни металик нијанси, а можете да ги носите како со сакоа и блејзери, така и со тренди јакни или маици кога времето ќе се стопли. Не заборавајте дека совршено ги покриваат крупните нозе, но и дека можат да го нагласат струкот и да направат да изгледате како милион долари.
Па, погледнете неколку предлози како да ги носите, а потоа погледнете ги и цените на неколку интересни модели од најпознатите брендови во Македонија.
Премини на следната страна >>