Реклама
Престиж

Доларот е поевтин, да купуваме американско!

Реклама

Културата на создавање луксузни автомобили кај Американците од секогаш се ’потпира‘ на V-мотор, кој што ретко кога е со помалку од осум цилиндри и 4 000 кубици. Се подразбира дека таквиот мотор и доста троши, но и покрај последните поплаки, Американците тоа можат да си го дозволат.

Маркетинг

Животите на просечниот Американец и Европеец не се разликуваат многу. Обајцата наутро стануваат од креветот во предградието или некое си слично местенце надвор од велеградот. Обајцата го изедат појадокот, ја бакнат жената, а мислат на љубовницата или секретарката на шефот и се симнуваат во гаражата. Но Европеецот во неа ќе најде сосема друг автомобил од оној што го вози Американецот. Имено, и покрај тоа што бројките во поглед на годишното производство се на нејзина страна, Америка никогаш не успеа да ги убеди муштериите на другите континенти дека нивната автомобилска филозофија е подобра од јапонската или европската. Не дека не се обидуваа, со цената нивните автомобили се и повеќе од прифатливи, подеднакво или повеќе се луксузни и дури и не изгледаат така лошо, на секој континент имаат силна поддршка, но и понатаму не им оди. 

alt

Маркетинг

Иако последниве години, поради цената на нафтата која се зголеми и кај нив (но се уште е далеку пониска од остатокот од светот, со исклучок на Арапските земји) и тие полека се приспособуваат кон пониска потрошувачка. Сепак, првиот проблем на кој секогаш наидуваат е во традицијата, затоа што тие одржуваат стил на креирање на автомобил во склад со економијата (читај: 35 – 40 денари литар бензин) и сообраќајните услови. А зборот „традиција“ кај пред сé означува дека автомобилот мора да биде голем. И навистина, големо е сé, од лимузините до SUV возилата. Американските автопатишта и широки градски авении, како New York-шката “5th Avenue” или “Sunset Boulevard” во Los Angeles, со леснотија ќе ги соберат реките од луксузни коли, кои по димензиите потсетуваат на некакви си оклопни возила. Во Европа и Јапонија таквите ствари не ’поминуваат‘.

alt

Најголемите европски градови се изградени околу старите среедновековни гротла, што по default означува тесни улици и честопати исти број на население на помала површина. А бројот на возила во Европа во последните 25 години е зголемен за околу два пати. На најголемиот пазар, оној Германскиот, бројот на возила од 22,5 милиони во 1980г. се зголеми на над 45 милиони забележан во 2010. Значи, место има се помалку, а промет се повеќе.

Кај Америте ситуацијата е сосема поразлична. Во последните 20 години бројот на возила се има намалено од 145 милиони на 130, што е помалку од денешната бројка што се движи низ Европа. Друга ствар која има влијание на перцепцијата е се уште 4, 5 пати поевтиното гориво, па затоа кај нив дури и обичниот автомобил не е помал од 2 лилтри. А дизелашите тие воопшто не ги ’рецкаат‘ ни два посто. Додуша возат тие и дизел, но кај камионите – и тоа не заради помалата потрошувачка, туку поради поголемиот момент на вртежи со кои камионот ќе ја влече приколката. Долгите и рамни патишта низ некакви си пустини или кањони од убавите национални паркови не барат кој знае какви и најсовремени технолошки решенија за да го држите воланот мирен и да газите на гаста. А ако тргнете по европските автопати и кратки стази, ќе ви биде потребна и квалитетната шасија и одредено познавање од управување со автомобилот, а на Американците им е доволна удобна внатрешност, која што е лесно да се направи и која нејзините производители и ја немаат баш многу сменето во последните 30 години. Слободно може да се донесе заклучокот дека со исклучок на Ford, нивните автомобили се во најголем дел технички и технолошки застарени. Луксузот е навистина единствен со кој американските коли можат да се рамнат со европските и јапонските. Затоа ние и ќе ви претставиме некои од нивните најпознати и најлуксузни модели од последните десет години, а вие после самите изведете го заклучокот. 

LINCOLN TOWN CAR

МЕГАЛИМУЗИНА

alt

alt

E ова е навистина големо. Ford Motor Co. во својата луксузна марка, кај нас пред се позната по луксузните лимузини во кои некои наши хотели ги пречекуваат VIP гостите, ја имаат една од најголемите американски, па и светски лимузини. Town Car е долг скоро петипол метра, а ако купите модел со продолжен меѓуосовински дел, ќе биде и подолг. Одвнатре е луксузен отприлика како и палатата на Hugh Heffner, има дрво од орев, сатенски навлаки ма седиштата, а педалите ја паметат последната положба. 

 FORD F-150

ЛУКСУЗЕН КАМИОНЕТ 

alt

alt

alt

Pick up-от е оригинално американско возило. Станува збор за пред се работни возила, но како микроавтомобилите во Европа се развија во трендовски шминкерај, така pick up-ите се трансформираа во луксузни превозни средства. F-150 на Ford e многу добар пример за таков развој, затоа што станува збор за американско возило кое повеќе пати е прогласувано за возило на годината. Освен добрите работни способности има и изглед, па опрема која го сместува во редот на луксузни возила – од уживање во музика и звук, преку отворот на кровот, до картичка за отворање наместо клуч. Новиот Triton мотор се уште претставува револуција за Ford. 

MERCURY MOUNTAINEER

ЛУКСУЗЕН КВАЗИТЕРЕНЕЦ

alt

alt

alt

Sport Utility Vehicle или SUV е нешто кое Европа ú го има украдено на Америка. Возила со добри возни особини надвор од патот, усмерени не кон сериозна работа, туку кон забава, се замислени да понудат голем просторен комфор. Иако на прв поглед изгледаше како бескорисна идеја, пазарот го препозна SUV-то (кај нас познато како „Џип“) како извонредна идеја. 

Не само дека се задржаа, туку се развија и класи, по две за секој континент. Американците имаат средни и големи SUV, Европа средни и мали. Од вистинските теренци ги дели поголемиот луксуз и комфор, како и стандардниот погон на четири тркала. Mountaineer на Mercury  е своевиден “best buy”!          

Сакате секс? Сакате брзи коли? А сеир?
Приклучете се на нашата Facebook страница и сето ова го добивате гратис!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button