Докторот Зоран Ванев со нова песна на Макфест – ја воодушеви публиката, еве како изгледа сега
Едно време потполно се повлече од естрадата, но на својата најголема „љубов“ никогаш не заборави...

Штипјанецот Зоран Ванев беше пејач познат на целиот Балкан, а неговата песна „Јужна пруга“ го освои регионот.
Неговата песна „Ангела, Ангела“ и денес е позната и се пее на прославите, како и уште неколку негови големи хитови од тоа време.
Но Зоран кога беше на врвот од својата кариера се повлече од естрадата и замина во Швајцарија каде живее и денес.

Инстаграм/ Зоран Ванев
Тој таму заврши факултет за природна медицина, па отвори и своја ординација, но продолжи да се занимава и со музика.
Понекогаш настапува во Швајцарија, но одвреме-навреме оди и на турнеи во другите земји каде што има напа дијаспора.

Принтскрин/ Јутуб, Гранд
Но тоа го прави дозирано, со мерак, а публиката секаде и секогаш имала многу голема желба да го види.
И како што самиот откри во една пригода, во Швајцарија студирал пет години. Од понеделник до петок, без пауза, на природен отсек, а преку сабота и недела ја изучувал конвенционалната медицина.

Инстаграм/ Зоран Ванев
По завршувањето на студиите започнува да се занимава со оваа професија, ноод својата прва љубов, музиката, не се откажа.

Инстаграм/ Зоран Ванев
Тоа можевме да го видиме и деновиве кога по речиси 30 години се врати на нашата музичка сцена со нова песна.
Имено, тој се претстави со песната „Душо моја“ на 40. јубилејно издание на фестивалот „Макфест“, во неговиот роден град.
View this post on Instagram



