Доктор тврди дека ја знае судбината на душата по смртта- споделува неверојатни откритија!
Д-р Мајкл Њутн е пионер во истражувањата за духовниот свет и за животот по смртта. Во својот светски бестселер „Патување на душите“, кој е преведен на десет јазици, тој опишува што се случува откако човекот ќе почине.

Доктор тврди дека знае што се случува со душата по смртта – и дека сите луѓе гледаат одредени нешта непосредно пред да починат.

Д-р Мајкл Њутн е пионер во истражувањата за духовниот свет и за животот по смртта. Во својот светски бестселер „Патување на душите“, кој е преведен на десет јазици, тој опишува што се случува откако човекот ќе почине. Познат е како духовен регресионист и има гостувано во бројни радио и телевизиски емисии.
Во 1998 година, Националната асоцијација на трансперсонални хипнотерапевти му ја доделила годишната награда за неговиот придонес во поврзувањето на умот, телото и духот.
Според него, смртта не е крај, туку само премин.
Што се случува според д-р Њутн?

Целиот живот поминува пред очи
Интересен феномен кај луѓето кои умираат е дека го гледаат целиот свој живот како брз преглед на лента – сеќавањата се појавуваат со неверојатна брзина непосредно пред смртта.
Го гледаат сопственото тело
Луѓето опишуваат искуства во кои гледаат како нивната свест се одделува од телото и го набљудуваат однадвор.
Светлина во далечината
Мнозинство испитаници зборуваат за светлина што ги повикува – што за нив значи мир, љубов и прифаќање.

Д-р Њутн во своите истражувања често опишува средби со „ангели чувари“ и духовни водичи кои ја пренесуваат душата кон „нов живот без болка и страдање“.
Според него, реинкарнацијата не е задолжителна – понекогаш душата се враќа заради карма, а понекогаш за да им помогне на други.
Православно верување – Митарства
Во православната традиција се верува дека душата по смртта минува низ 40-дневно патување, наречено митарства – духовни премини на кои се мери тежината на гревовите.
Науката и душата – руски експерименти
Рускиот академик д-р Петар Гарјев, познат по своите истражувања на ДНК, тврди дека човечката ДНК комуницира со универзумот и дека по смртта сè уште постои „фантомско“ електромагнетно присуство кое се задржува 40 дена.
Тој верува дека ДНК е како антена која прима информации од космосот, а дека ова може да објасни и традиционалното верување зошто душата останува 40 дена по смртта.
Без разлика дали се водиме според верата, науката или интуицијата – прашањата за животот по смртта секогаш ќе нè фасцинираат.