Доколку при крварењето, тампонот или влошката морате да ги менувате на секој час, или пак ако менструалниот период ви трае повеќе од седум дена, мора да се јавите кај доктор или гинеколог. Некои истражувања покажуваат дека дури 80 насто од жените нема да побараат помош при проблеми со редовниот месечен циклус.
Причина би можело да биде некое пореметување во процесот на крварење. Истражувањата покажуваат дека 25 насто од жените со силни менструални циклуси имаат такво пореметување, а да за тоа воопшто не се свесни. Контрацептивните пилули можат да помогнат при регулирање на крварењето, како и во случај доколку причина е некоја хормонална нерамнотежа.
Постои можност силните крварења да се предизвикани од миоми или полипи, што е преставува случај кој што би требало да биде под лекарска контрола.
Друг проблем кој потоа се јавува при ваквата состојба е појавата на анемија, која е честа последица.
Еден од начините силните и болни менструации кај инаку здравите жени бидат спречени или намалени е исхраната. Би требало да го исфрлите црвеното месо, пилешкото и жолчката од јајце, да намалите на млечни производи, како и сите преработени намирници – во основа сé што содржи големи количини на сол и шеќер.
Исхраната би требала да се базира на овошје кое што ги зајакнува крвните садови и го намалува крварењето, како и зеленчук, свеж и малку варен, кој што е извор на калциум, магнезиум и калиум.
Исто така не смее да се занемари и физичката активност, која придонесува до општо подобрување на телото и поголема отпорност.