Фризерските салони се затворени и единствен начин да ја фарбате косата е да го направите тоа сами или со помош на некој од вашите домашни. Ако пак мислите дека вашите блиски и вие не сте доволно вешти за нешто такво, пробајте ги овие начини за прекривање на израстокот, кои не подразбираат бојадисување ни какви било фризерски вештини.
Висока пунџа
https://www.instagram.com/p/BwmxUBkH6qX/?utm_source=ig_embed
Иако последните години веќе не е популарна како претходно, оваа фризура го прекрива израсокот на косата, а исто така е идеален стил за работа од дома, затоа што ја отстранува целата коса од лицето и вратот.
Разбушавена фризура
https://www.instagram.com/p/B9b8oG7lM9K/?utm_source=ig_embed
Иако веруваме дека многумина од вас моментално негуваат разбушавен изглед, овде не се работи за таканарачената „кревет фризура“. За шик разбушавен изглед на косата потребно е прво да ја исчешлате, а потоа лесно да ја разбушавите со прстите или спонтано да го префрлите едниот дел на другат астрана. Така израсокот на бојата ќе се стопи со останатата коса, а потемниот корен ќе ѝ даде побуен изглед.
Неуредна пунџа
https://www.instagram.com/p/B7PB-1KBaSd/?utm_source=ig_embed
Омилената фризура на Меган Маркл исто така е одлична за прекривање на израсокот, а воедно совршено се вклопува во опуштениот домашен изглед, па ни малку не бара труд и внимание.