Реклама
Кафе муабет

Додека чекаме подобри прилики, животот ни минува пред очи…

Реклама

Повеќето луѓе си поставуваат цели и планови кои мораат да ги достигнат и без престанок размислуваат за иднината. Така, целосно забораваат да уживаат во моменталните работи…

ФОТО: wellbeing.com.au

На овој начин, телото и мозокот се во постојан грч, па луѓето не успеваат да се приближат до целите. Додека не научите да го гледате животот од една поинаква перспектива, а притоа да се радувате на работите кои се случуваат моментално, секогаш ќе се чувствувате емоционално и физички исцрпени. Парадоксално, но работите кои ги сакате, ќе ве прават нервозни и незадоволни.

Затоа, застанете и започнете го животот со сосема нови принципи. Престанете да очекувате премногу од другите и да создавате илузии. Одлучете да се фокусирате на уживањето во сегашниот момент. Почнете да го ценете она што ви го дава моментот, затоа што и онака иднината ќе дојде. Не можете да ја контролирате судвината и не постои совршен план. Во ред е да имате цели, но да не се држите слепо за нив. Додека трчате кон иднината, животот ви минува пред очи… Сигурно не сакате да се разбудите еден ден и да сфатите дека сте пропуштиле дружење со семејството и пријателите, само затоа што сте биле заслепени од успехот.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button