Свежите зачини, сокот од портокал или лимон се совршен придружник на секој оброк, а имаат незначителен број калории.
Ако сакате да се храните здраво, ама не сакате храната да би биде невкусни и блуткава, постои решение и за тоа. Иако е тешко да се поверува, но хранате без прекумерно масти, сол, шеќер и сосови може да биде доста вкусна. Подолу е листа на намирници кои се совршени за додаток на јадењата, а содржат помалку од 10 калории по порција.
1. Сок од лимон
Совршен како завршен додаток на оброците за прекрасен вкус. Совршено одговара како прелив за салата, но и на печено месо. Една лажица исцеден сок од лимон содржи само четири калории.
2. Кришки краставица
Исечете неколку парчиња краставица, ставете ги во водата за пиење и ќе добиете совршено здрав пијалок кој, сепак, не е чиста вода. Краставицата дава посебна свежина, а содржи витамини Ц, А и К, како и железо и калциум. Едно парче краставица има само една калорија.
3. Сок од портокал
Една лажица сок од портокал содржи само седум калории и е полна со витамин Ц, кој е исклучително добар за имунитетот. Свежиот сок портокал користете го во разни јадења, но и во салати наместо обичниот оцет.
4. Лут сос
Повеќето лути сосови содржат 2-5 калории во супена лажица, а се совршен додаток на јадењата. За оние кои, се разбира, сакаат малку топлина во устата.
5. Свежи зачини
Најдобри додадоци во сите јадења коишто, речиси, и не содржат калории се, дефинитивно, свежите зачини. Магдонос, босилек, ловоров лист, мајчина душица, рузмарин, оригано… се само некои од зачинте без кои многумина не можат да замислат ниту едно јадење.