Наместо часови поминати покрај шпорет, една неочекувана состојка ќе ви ја скрати маката на долгото готвење.
Гравот отсекогаш бил едно од најомилените јадења на нашите простори, но сите знаеме дека неговата подготовка може да трае со часови. Зрната понекогаш не омекнуваат лесно, па домаќинките често бараат начин да ја скратат постапката.
Одговор постои, и доаѓа од народната кујна: тајната е во домашната ракија!
Како функционира трикот со ракијата?
Подготовка на зрната – Половина килограм гравизмијте во ладна вода. Ако имате време можете да го потопите претходно, но со овој трик тоа не е неопходно.
Вода и ракија – Гравот ставете го во тенџере со околу два литра ладна вода и додадете 50 мл домашна ракија (лоза или сливовица).
Прва фаза на варење – Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и оставете да крчка околу 15 минути. Токму тогаш ракијата го „отвора“ зрното и значително го забрзува неговото омекнување.
Доварување – По желба може да ја смените првата вода или да продолжите во истата. Додајте уште малку вода ако е потребно и оставете да се готви уште 30-35 минути.
Финални додатоци – По вкупно 45-50 минути, зрната се меки и готови. Тогаш е време да додадете кромид, морков, суво месо или зачини по вкус и да оставите сè да се спои уште десетина минути.
Резултат: Брз и вкусен грав
Благодарение на овој стар, но малку познат трик, гравот е готов за помалку од еден час – мек, вкусен и полн со арома.
Домашната ракија не само што го забрзува варењето, туку му дава и посебна длабочина на вкусот која тешко се постигнува на друг начин.