Реклама
Шминка

Дочекајте ја Нова година со блескави сенки, лакови, кармини и тушеви

Реклама

Предновогодишниот период, како и самите новогодишни празници се совршен момент да се поиграме со златна, сребрена, светкава и блескава шминка.

На пазарот постојат бесконечно многу блескави кармини, светкави руменила и сенки со кои во само неколку потези вашиот секојдневен изглед ќе го трансформирате во свечено и гламурозно издание. Оваа сезона во мода се металик нијансите, а тоа важи како за лаковите за нокти, така и за карминот, сенките и тушот. За инстант шик изглед доволно е со течен туш со децентен сјај да исцртате тенка линија на капаците, па потоа да ги премачкате трепките со маскара која ќе го истакне нивниот волумен. За високонапонски гламур на очите исцртајте со течен туш со светкави честички. Доколку сакате деликатен мејкап, светкавиот туш нанесете го преку обичниот, а доколку сакате дополнително да ги истакнете очите, тогаш преку првиот слој од светкавиот туш, нанесете уште еден слој. Без разлика во која боја се вашите очи, сите кога се зачинети со црн светкав туш изгледаат поотворено. Доколку имате кафеави очи, можете да се поиграте со светкав сребрен туш кој директно ги следи трендовите за оваа сезона, т.е. вашите кафеави очи ќе ги направи да изгледаат неодоливо.

Маркетинг

ПОГЛЕД НА ФАТАЛНА ЗАВОДНИЧКА

Маркетинг

Ставете металик или светкава сенка на очите во тонови на сјајните скапоцени камења. За софистициран допир одлични се минералните сенки со силен пигмент и со децентен сјај.

БЛЕСКАЈТЕ ОД ГЛАВА ДО ПЕТИ

Набавете универзален светкава пудра за лице и тело. Со заводлив shimmer премачкајте го деколтето, лесно тргнете преку клучните коски и малку од светкавиот прав нанесете и на капаците.

ТРИК СО КОЈ ЌЕ ЗАШТЕДИТЕ ВРЕМЕ

Како би избегнале, додека со тушот ги исцртувате очите и гo сенчате капакот, погрешно движење или вишок сенка да ви ја уништи веќе нанесената подлога на лицето, најпрво нашминкајте ги очите, а потоа направете го останатото.

ГЛАМУРОЗЕН БАКНЕЖ

Блескавите сјаеви ќе ги истакне вашите усни. Побарајте сјај на база на масло од јојоба со која усните ќе ви бидат свиленкасто глатки. Сјаевите со вкус на ванила или нане совршено ќе ги зачинат вашите бакнежи во ноќта.

ГЛАМУР ВО БОЈА НА ШАМПАЊ

Јагодите на лицето истакнете ги со светкав хајлајтер во крем. Зимски хит е shimmer во боја на шампањско. Нанесете го малку на внатрешните агли на очите, односно над веѓите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button