BEAUTYИнтервју

Добриот човек убаво старее, лошиот во староста си го добива лицето што го заслужува – женски муабети со Татјана Петровска

Современата жена треба да е среќна и исполнета, од работата, од партнерот,  од животот, вели водителката Татјана Петровска

Advertisement

Гламур интервју со водителката Татјана Петровска

Тања е една елоквентна и шармантна дама која нам на сите добро ни е позната од Тв екраните. Секогаш елегантна и со прекрасна насмевка им го  разубаваува  неделното уживање на гледачите  како домаќин заедно со колегата Орце Гелевски со емисијата Фолк џубокс.

Advertisement

Со Тања  поразговаравме за нејзиниот изглед и убавина и како и во овие години успева да изгледа негувано и убаво. Таа вели дека  професијата која ја има  и налага да посветува повеќе внимание на себе, но што друго ни откри кога е негата и убавината во прашање, дознајте во продолжение…..

Приватна архива

Прашање: Важите за една убава и елоквентна дама од нашите мали екрани. Која е тајната на Вашиот беспрекорен изглед?

Ви благодарам, мило ми е ако сум оставила таков впечаток  и уште повеќе ми е мило што постојат новинари и медиуми кои сакаат да  дадат комплимент, да кажат убав збор и да предизвикаат  насмевка кај соговорникот. Професијата која ја имам, меѓу останатите нешта  налага и  посветување на внимание  на изгледот и сметам дека и тоа е еден вид изразување на почит спрема гледачите и публиката. Прво што секој на нас забележува е лицето, кое покрај основната дневна нега мора да и има и убава насмевка. Секако, мора да се внимава не само на кожата на лицето туку и на косата и на килограмите.

Кога се килограмите во прашање, знам да отидам и над дозволеното, но тогаш се вклучува алармот и  преминувам на строга протеинска исхрана  за да биде во најкраток рок се како што треба. Од неодамна го практикувам и методот на Автофагија. За комплетен впечаток, важно е и внимателно да се одбере гардеробата, да одговара на нашата конструкција и да стои убаво.

Advertisement

Прашање: Каков е Вашиот дневен козметички ритуал и со какви препарати го негувате лицето?

Не дека нешто посебно правам, но се трудам никогаш да не легнам со дневната шминка на лицето, да ја хидрирам кожата со  дневна и ноќна крема. Јас ги користам кремите на Loreal. Немам сува кожа што сега во подоцнежните години сметам дека е голема предност. Козметичар сум посетила само еднаш во животот  за класичен третман  за чистење на лицето и сфатив дека  премногу време треба да си одземам од слободното , за да направам нешто  што можам  сама за многу пократко време.

Еве и еден мој рецепт за убаво чистење на лицето – пколу 250-300 мл алкохол, ракија и 2 пакетчиња каранфилче во неа . Оставете ги во фрижидер или на темно, да отстојат петнаесетина дена. И, толку.. се е подготвено за  чистење на лицето со памукче и течноста. Најдобро е навечер а потоа ја нанесувата вашата крема. Ова го практикувам подолго време и презадоволна сум.

Прашање: Што е тоа што најчесто го имате во Вашиот козметички несесер?

Не се разликувам од повеќето дами – не излегувам без римел. За секој случај тука е покривната стик пудра на Max factor и руменило во розова боја. Чудно, но кармин не носам со мене зашто кога еднаш ќе ставам при излегување  умеам да го носам се додека треба.

Приватна архива

Прашање: Во последно време се појавуваат многу не-инвазивни методи за подмладување како: ласери, мезотерапија, ПРП и многу други. Дали мислите дека овие методи помагаат и дали сте ги пробале?

Науката се развива и верувам. Искрено, ништо досега не сум направила освен што  еднаш годишно ставам минимална доза од 1 мл.хијалурон. Мезотерапија тешко дека би направила, поради мојата фобија од игли а  во тој третман се употребуваат многу. Можеби грешам,  но ете фотографиите што сум ги видела ме одвраќаат. Сепак. кога ќе видам дека треба  секако дека ќе направам некој третман за кој  ќе бидам сигурна дека ќе го постигне саканиот ефект. Сите овие третмани сметам дека претставуваат нега и грижа  за кожата.

Прашање: Колку внимавате на исхраната и што најчесто е на Вашето мени?

Е, тука не можам да се пофалам како за лицето. Ми треба многу внимавање, многу откажување за  да дојдам до саканата цел со килограмите. Кога би можела ( ама не можам ), тестенините би биле мој избор. Вака, најчесто се ограничувам на протеинска исхрана. Моја среќа е што премногу сакам зеленчук и јадам салати во изобилство. За жал, сакам и многу овошје, но поради огромниот процент на шеќери во него,ретко  го конзумирам. Денот го започнувам со лимон и многу вода а првиот оброк ми е по 12 часот.

Приватна архива

Прашање: Што мислите за естетските корекции и дали можеби во иднина би направиле?

Добро е што постојат,затоа што ако некој смета дека има  проблем со одреден дел од телото, зошто да не си ја врати самодовербата со корекции?! Секој треба да знае што го радува и што ќе го направи посреќен. Ако е тоа некоја естетска корекција, нека не размислува.

Што се однесува лично до мене, немам нешто што би сакала да корегирам, освен  со годините кои доаѓаат и кога сигурно би сакала  да се затегне кожата на лицето или барем да се отстрани подбрадокот. Но, за тоа ќе видиме што ќе покаќе времето. Засега, му благодарам на Бога, се е како што треба.

Прашање: Омилен парфем?

Периодично се менува  типот на омилен парфем,но еве веќе неколку години упорно уживам во  мирисните ноти на Scandal на  Jean Paul Gaultier ( црвениот ).Сакам  силни парфеми со слатка мирисна  нота.

Прашање: Што е тоа што најчесто го купувате кога одите во шопинг?

Никогаш доста фустанчиња ( сукња носам еднаш на три години отприлика). Моја манија се фустаните и ги имам во најголем број во гардероберот.

Прашање: На која дама ѝ се восхитувте  и зошто?

На сите оние кои и во третата декада од животот успеале да ја задржат пријатната надворешност, украсена со насмевка и со добар збор. На сите што се вистински хунани,имаат позитивен однос кон животот, луѓето, животните, околината. Тврдам дека добриот човек убаво старее. Лошиот човек  во староста си го добива лицето што го заслужува.

Прашање: Каква треба да е според Вас една современа жена?

Среќна и исполнета – од работата, од партнерот,  од животот. Се што треба и мора да направи да не и претставува товар или да не чувствува одбивност. да биде самоуверена, а за тоа и се потребни соодветна наобразба и сенс за сопствената нега и изглед. да не копира никого, да биде своја.

Приватна архива

Прашање: Важите за една  од оние жени  кои навистина внимаваат на својот изглед, но дали следите мода? Дали сами ги одбирате парчињата кои ги носите во секојдневието или за одреден настан?

Уште едно, големо благодарам. Мојот стил е некоја секојдневна елеганција. сакам високи потпетици, сакам фустани. работата за среќа ми дозволува и повеќе од тоа. Веќе 8 години соработувам со бутикот Енџел. Нивните модели одговараат на мојата конструкција, вкус  но и на типот на емисијата која ја водам. Кога настапувам на некој свечен настан, тука е нивната свечена тоалета. Е сега, поради тоа што фудбалот стана  еден од моите омилени нешта и често одам на  фудбалски натпревари како никогаш досега  во мојот ормар има и спортска гардероба која морам да ја зачинам повторно со мала доза елеганција.

Прашање: Дали купувате дизајнерски парчиња? Кое е најскапото парче облека во Вашиот плакар?

Купувам да, но не без исклучок. Купувам  се што ми се допаѓа. Прво ми е важно да биде од природен материјал, затоа што другите некако не ми ги поднесува телото. Значи , ако ми одговара материјалот, стилот, никако не е важно дали е нештото со брендиран потпис или не. И, тоа да додадам – и покрај  пар скапи брендирани парчиња,најдраги или најомилени ми се неколку без потпис.  А, меѓу поскапите нешта се неколку чанти од Mona и една буничка од Ralf Loren.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button