Реклама
Наши ѕвезди

Добрила и на 97 години плива и вози, а се уште важи и за вистински магнет за мажи – и се лепат ко болви?!

Во мене е младиот дух, на сите им е убаво со мене...

Реклама

Извонредната Добрила Чабриќ (97) во едно од своите последни интервјуа за „Гранд“ откри како ја одржува својата младешка енергија.

Имено, победничката во „Никогаш не е доцна“ иако е на прагот на својата стота година, таа и денес плени со својот бестрашен младешки дух, а како што самата вели, тајната е во тоа што во неа е вечната младост.

„Покрај медот што почна повторно да се произведува во Србија и којшто е тој еликсир на младоста, снимив и една нова песна напишаната врз база на мојата автобиографска книга и по која што ја правам монодрамата што, се надевам, ќе ја играм и во белградскиот театар“, откри Добрила, па го додаде и следново:

Маркетинг

„Една писателка е воодушевена од мојата книга, па напиша и песна. Ме фасцинираше со текстот и мелодијата, така што ја снимив песната. Тоа е песна за мене“, вели Добрила за „Гранд“.

Маркетинг
Фејсбук, Добрила Чабриќ

Инаку, Добрила со својата енергија и денес не поминува незабележано од припадниците на посилниот пол, па во врска со тоа што мисли зошто е вистински магнет за мажите, таа во шега вели дека не е премногу загрижена за тоа, бидејќи тие сами и доаѓаат, и се лепат како болви. „Не знам што им е“, вели во шега таа.

И како што откри таа самата за „Гранд“, во зависност од тоа во каква средина ќе се најде, таа како камелеон се рамни со нив.

Принтскрин/ Никогаш не е доцна

„Тука годините не се гледаат затоа што во мене е младиот дух, јас никого не замарам. Гледам на сите да им е убаво со мене“, вели таа.

Потсетуваме, Добрила пред само неколку недели го прослави својот роденден кога наполни 97 години и си доби голем број честитки од своите колеги и пријатели на социјалните мрежи.

Фејсбук, Добрила Чабриќ

Таа важи за најстарата учесничка во шоуто за ветерани, „Никогаш не е доцна“, но и победничка, а и се уште е активна.

Фејсбук, Добрила Чабриќ

И како што самата откри, неодамна сними и песна, а сериозно работи и на својата монодрама, и каде и да се појави освојува со својата неверојатна енергија и младешки ентузијазам.

Фејсбук, Добрила Чабриќ

Тоа впрочем може да се види и од нејзините објави на социјалните мрежи, а сите ги изненади и кога откри дека се уште, кога времето е убаво, плива во Дојранското Езеро и на тој начин се релаксира.

Фејсбук, Добрила Чабриќ

„Немам ништо вештачко, ни ботокс, ни мотокс, немам ни силикони, ни миликони, ништо, сé е природно. Никогаш не сум била свесна за мојата убавина, јас бев грдото пајче, мајка ми ми кажа дека кога сум се родила сум била многу грда. Себеси никогаш не сум се доживувала како убавица, едноставно не сум опседната самата со себеси. Минатото воопшто не ме интересира, кога ќе се заврши денот тој заврши и не сакам да се оптоварувам со што било. Мене ме интересира утре, денес, а не она што било вчера или завчера“, изјави во една пригода Добрила за „Гранд“, па откри како и другите да ги доживеат нејзините години, истакнувајќи дека секој треба да ја негува младоста, никогаш да не мислат лошо, да го сакаат животот луѓето, се што се движи, музиката, хуморот…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button