Пред да стапнете на лудиот камен: Дознајте ги доблестите и мааните на секој знак од Зодијакот!
Лав
Како и со Овенот, така и со Лавот животот никогаш нема да ви биде здодевен, бидејќи тој е роден забавувач кој секогаш ужива да е во центарот на вниманието и на забавите. Но, кога не е во центарот на вниманието знае да стане многу гневен и суетен.
Девица
Ако сакате да живеете организиран живот, посебно кога станува збор за финансиите, тогаш Девицата е вистинскиот избор за вас. Но, од друга страна оваа потреба за организираност може да стане и опсесивно-компулсивна и неподнослива за толерирање.
Вага
Вагите по природа се дружељубиви, романтични и нежни, па лесно е да бидете с нив. Но, од друга страна, често се неодлучни и знаат да бидат и неверни. Ова е така заради нивната потреба да ги шармираат сите кои се во нивната околина.
Ова се најголемите баксузи меѓу хороскопските знаци – дознајте дали сте и вие меѓу нив >>
Скорпија
Според хороскопот, Скорпиите се верни, страсни, одлучни и неверојатни во кревет. Ова веројатно веќе и го знаете, ако сте во врска со Скорпија. Но, од друга страна тие знаат да чуваат премногу тајни од вас, а нивните зборови да ве пресечат како врел нож.
Премини на следната страна >>