Реклама
LIFESTYLEВирално

Се упатил кон болница за последна хемотерапија, а притоа добил изненадување кое му го променило животот

Реклама

Рони Фостер од Северна Каролина бил на пат до болницата поради последна хемотерапија, кога дознал дека освоил 200.000 долари на лотарија.

ФОТО: pixabay

Фостер, кој живее во Пинк Хил, рекол дека прво купил ливче за еден долар и освои пет. Потоа, во последен моент одлучил за тие пет долари да купи уште две ливчиња. Го изгребал првиот и ништо. Но, кога го изгребал вториот, таму го чекало големо изненадување.

„Ги видов сите тие нули и се изненадив. Не верував додека не ѝ го дадов ливчето на продавачката да го скенира. Кога се покажа дека треба да одам во централата на лотаријата, почнав да се тресам. Не можев да верувам“, изјавил среќникот.

Маркетинг

Фостер, пензиониран работник на Министерството за транспорт, се бори против рак на дебелото црево и е на самиот крај на хемотерапијата. Добивката на лотарија му дојде како шлаг на тортата.

„Веќе бев среќен дека оваа ми е последна хемотерапија, а победата на лотарија направи да бидам уште посреќен“.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button