Реклама
Секс

Ја знаете разликата помеѓу добар дечко и оној кој го посакувате?

Реклама

Барате добар дечко? Хм…можеби само сте се разочарале од бившиот, па сега сте во потрага по нешто друго…

Ги имате поминато и искусено сите егзалтации и падови со лошиот дечко со кој никогаш не сте знаеле на што сте? Па сега сакате еден добричок покрај себе? Колумнистката Terri Trespicio за магазинот Galtime пишува дека не им верува на таквите жени бидејќи за таквиот став е одговорно моменталното чувство на повреденост и тие само имаат желба да ја доживеат другата крајност.

Маркетинг

 Вистина е – тврди оваа советничка за врски – дека многу жени имаат запознаено добри мажи кои не успеале кај нив разбудат чувства. „Но тој е толку мииил“, ú вели на својата пријателка. Тоа е исто како да се уверувате дека морате да ја јадете брокулата затоа што е полна со витамини и антиоксиданси кои го прават вашиот организам здрав и силен. Но брокулата поради оваа причина не ви е повеќе омилена. Па се прашувате – „А зошто јас не ја сакам?“ . Тоа едноставно не оди така…

Terri Trespicio верува дека некои жени ги држат ’добрите‘ како би си го олесниле животот. Но, во истовреме кај најголемиот дел од овие жени, кога покасно подобро ќе ги запознаат ваквите “добри момци‘, се јавува чувство на досада.

Маркетинг

Важно е да се нагласи дека спротивен на драгиот ви дечко не е злобен тип! Тој е одлучен и мажествен, но не е нељубезен, или барем во никој случај не би требало да биде – посебно не со вас! Дозата на возбуда и неизвесност која ќе ја добиете во врската со таква личност, може да ве натера да ги достигнете сопствените граници, а кога ќе осетите дека не можете да напредувате повеќе, ви останува единствено да продолжите понатаму. Затоа што од секој може нешто да се научи и тоа треба да се искористи!

Што сакаат жените?

alt

Скриена желба на сите еманципирани жени е мажот кој е сигурен во себе и не се плаши да биде упорен. Премногу добриот дечко често може да биде премногу сервилен, не може самостојно да донесе одлука без нечие надворешно плеткање, а понекога се бави и со ’женски работи‘ како би ви станал поблизок. 

Тој исто така ќе прави некои работи како би ’заработил‘ додатни (бонус) поени и ја одржи сликата на добар дечко – а тоа понекогаш знае да делува иритирачки и да ве живцира! Terri затоа ги советува момците: „Немојте да бидете добри, бидете свои. Не правете работи само за да излезете „добри“, туку затоа што правејќи ги тие работи, станувате подобри“.

alt 

Добар/ пристоен дечко:

– Прашува: „Каде би сакала да одиме?“
– Ви ѕвони пред да дојде ред вие да се запрашате дали ќе ви се јави
– Ви го оставил срцето на тацна
– Секогаш е на располагање
– Кога сте со него, се смеете
– Сексот е удобен и пријатен
– Тој ве гледа како извор на својата сила

Дечко кој го посакувате:

– Тој вели: „Биди во 8 часот на оваа адреса. Облечи чевли со висока потпетица.“
– Ви ѕвони кога веќе се имате помирено дека нема да ви се јави
– Ви дозволува да го истражувате
– Не е секогаш достапен
– Кога сте со него, се чувствувате привлечна
– Сексот е возбудлив
– Ве гледа како своја слабост

Па девојки…после ова, во која од овие две групи се гледате себе си и својот Аполон?

alt 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button