Бидејќи многу жени страдаат од аноргазмија, научниците се решија да им помогнат!
Жените кои имаат тешкотии со постигнување на оргазам, наскоро ќе можат да уживаат во сексот многу повеќе, благодарение на новиот лек кој ќе се продава како спреј за нос.
Дури 30% од жените страдаат од аноргазмија, трајна наможност за постигнување на оргазам, но моментално на пазарот на постои ништо што би можело да им помогне да го надминат овој непријатен проблем. Затоа научниците и си поставиле задача да произведат „женска Вијагра“, по примерот на ’прославениот‘ лек за ерективна дисфункционалност кај мажите, прв пат издадена на рецепта во 1998 година.
Новиот спреј со име „Тефина“ ќе функционира така што ќе биде доволна два часа пред односот да се стават две капки во ноздрите, а дејството би требало да му трае околу шест часа. Лекот е темелен на тестостеронот и би требало да ја подобри сексуалната желба, активирајќи одредени делови во умот и зголемувајќи го протокот на крв во репродуктивните органи, пишува Daily Mail.
A бидејќи станува збор за тестостерон, кој има разорно дејство на женскиот организам доколку се најде во преголеми количини, научниците смируваат и велат дека нема никакви неочекувани нуспојави како акни, растење на несакани влакна и продлабочување на гласот.