Реклама
Престиж

Доаѓа новата Mazda 6

Реклама

На штотуку завршениот саем за автомобили во Москва беше откриена и претставена најновата Mazda 6, која ќе биде пуштена во продажба до крајот на оваа година…

Овој добро познат модел на јапонскиот автомобилски гигант доаѓа во пакет со таканаречената SkyActiv lightweight technology, која се вградува на сите модели на Mazda, а претставува врвна ефикасност во директното вбризгување на бензинот до моторот, создавајќи максимална компресија на моторот при процесот на внатрешно согорување од 14.0:1 и истовремена заштеда од 15% на потрошувачката. Исто така кај најновиов модел, покрај комплетно новиот изглед, Mazda до крај се има потрудено да ја намали тежината на колата со користење на неверојатно компресирана челична конструкција за изработка на подот. Резултатот е полесен модел за цели 8%.

Маркетинг

alt

Новата „6-ка“  за инспирација на стилот зема мотивација од Takeri концептот, кој што беше лансиран минатата година, кој што е базиран на бренд на Mazda, таканаречен ’Kodo‘ дизајнерски јазик. Крајната цел на моделов да собере голем дел од моменталните муштерии на моделите на BMW 3 и Mercedes C – класа од овој дел од пазарот.

Маркетинг

Во пакетот на Mazda 6 е вклучена опрема за сигурност при возење, во која се наоѓаат и автоматски сопирачки за градско возење и мониторинг на задните светла, како и најнов регенеративен систем за сопирачките и паметен нов издувен систем за максимално намалување на емисијата на штетни гасови.

alt

Повеќе спецификации за перформансите на колата ќе следат во периодот кој што доаѓа, пред моделов и официјално да биде пуштен во продажба. Но и ова што до сега го кажавме мислам дека е сосема доволно да ја заскокотка љубопитноста кај сите. Како надополнување на тоа, следат и фотографиите:

alt
 

alt 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

препорака
Close
Back to top button