Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Кај Овните можни се материјални загуби, а Лавот постојано ќе биде во брзање

Реклама

Дознајте што ве очекува овој петочки ден.

Овен

Некои ситуации на вашето работно место ќе бидат доста комплицирани и ќе бараат многу од вашето внимание. Ако работите со пари, бидете особено внимателни, зашто можни се губења. Што се однесува до вашиот партнер, денес ќе ја покажете својата љубомора.

Бик

Денес ќе имате еден куп обврски пред вас, а ќќе имате и доволно енергија за да ги завршите. Сакате да се докажете пред некои личности, па и дополнително ќе се трудите. Но, бидете претпазливи, во брзањето можно е да направите некоја грешка. Една личност посебно ќе ве заинтересира.

Маркетинг

Близнаци

Вашата невнимателност или недоволна концентрација денес може да ви донесат повеќе грешки или материјална загуба. Можни се и напната ситуации со вашите колеги, а ништо подобро нема да ви биде и на љубовен план, зашто ќе имате расправии со саканата личност. Премногу сте тврдоглави.

Рак

Денес ќе мора целосно да ѝ се посветите на некоја обврска која до сега се обидувавте да ја избегнете. Бидете свесни дека некои напорни моменти се пред вас. Ви пречи однесувањето на саканта личност, но не знаете на кој начин да ѝ го одземете вниманието.

Маркетинг

Лав

Гужва, тензија, брзање, зашто се обидувате да завршите некоја работа на време, а страшно ви пречат личностите кои со своето присуство ви го одвлекуваат вниманието. Обидете се да се сконцентрирате. Во однос со саканата личност ќе ви се повторат некои лоши ситуации од претходните денови.

Девица

Денес ситуациите во деловниот сегмент целосно ќе излезат од ваша контрола. Или ќе се одвиваат со огромна брзина или пак ќе бидете принудени да чекате. Ќе бидете многу нервозни и нерасположени при средбата со вашиот љубовен партнер.

Вага

Во деловниот сегмент нагласени ви се притисокот и нервозата, па тешко ќе ги поднесувате околностите, но и луѓето со кои доаѓате во контакт. Обидете се да се вклопите, иако ќе ви оди потешко. Препреки и во односот со вашиот партнер, па можно е да почнете да флертувате.

Скорпија

И вие ќе се нервирате, но ќе ги нервирате и другите. Никако да решите некои прашања со вашите колеги, а можеби пак прилагодувањето ви прави сериозни проблеми. Информациите кои ги добивате од саканата личност само дополнително ќе ви го зачинат овој напорен ден.

Стрелец

Оптеретени сте со некои случувања кои силно ќе влијаат на вашата концентрација и ќе ви го одвлечат вниманието. Вознемирени сте од некои постапки на вашите колеги, а плановите моментално ќе ви изгледаат неостварливо. Некои зборови од саканата личност ќе ве натераат да се запрашате што не е во ред.

Јарец

Денес ќе ве нервираат некои провокации од вашите колеги, но нема да реагирате импулсивно. На сето ова, вашиот партнер или симпатија нема да има ниту малку време за вас. Повремено ќе се чувствувате нерасположено.

Водолија

Денес мора да завршите еден важен договор, но сметате дека не сте доволно подготвени за тоа. Ќе се обидете да одложите некои обврски, но би ве советувале да стиснете заби и секако да продолжите понатаму. Нервоза и напнатост и во љубовниот сегмент.

Риби

Имате чувство дека силата ви е при крај, но еден особено важен проект чека да биде завршен. Емотивниот партнер ви ги руши плановите со своите промени во последен момент, што дополнително ве нервира.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button