Дознајте што ве очекува првиот ден од месец ноември…
Овен
Не сте сигурни колку можете да ѝ верувате на една личност која постојано се труди да ви помогне во врска со некои важни прашања. Сметате дека сака да манопулира. Партнерот жестоко ќе ве изнервира, но и вие него.
Бик
На оние со кои често сте во контакт им се допаѓа вашиот начин на размислување, како и идеите кои ги имате. Можно е да ви биде предложена соработка. Емотивниот партнер ќе се обиде да ве натера да прифатите некој договор, но вие успешно ќе го избегнувате одговорот.
Близнаци
Денес на работа ќе ви биде турбо, но прилично весело, па лесно ќе извршите некои ваши обврски. Мозокот ви работи премногу брзо, па искористете го овој момент да решите некој проблем кој долго ве мачи. Ќе бидете расположени во однос на спротивниот пол.
Рак
Денес ќе мора да завршите некоја обврска која извесно време ја одложувате. Исто така ќе дојдете во контакт со интересни личности кои ќе ви го исполнат денот.
Лав
Иако тоа не е ваша намера, денес на другите ќе им изгледате арогантно и препотентно. Во суштина, и вие би можеле да го кажете истото за нив. Саканата личност ќе има доста замерки за вас.
Девица
Ако вчера не успеавте да ги извршите обврските на работа, бидете сигурни дека денес уште толку ќе ви се натрупат, па одеднаш ќе се најдете во голема гужва. Ве очекуваат нервозни моменти, проблеми со техничките средства, со компјутер, телефон…
Вага
Кај вас сѐ е забрзано. Но, вие лично сте полни со енергија, при што ви одговара да функционирате со ова темпо. Малку ќе ви се влошат односите со надредените. На емотивен план ќе чувствувате блискост и потреба од саканата личност.
Скорпија
Денешниот ден може да ви биде напорен, а најмног ќе ви пречи кога треба да се вклопите со вашите колеги. Исто така и со сакната личност нема да ви функционира сѐ најдобо, па ќе ви пречи нејзиното однесување.
Стрелец
Вам лично ова ви е одличен ден за комуникација и во голема мера можете да се ангажирате околу некои работни обврски. Искористете го моментот за да решите некои важни прашања. Ќе имате и некое познанство преку ваш пријател, кое ќе ви ги окупира мислите.
Јарец
Денес некој со своето однесување ќе ги премине границите, па вам ќе ви треба поголема трпеливост и труд за да не реагирате импулсивно. Ниту со надредените нема да имате складна комуникација. Една личност ви го привлекува вниманието и вие се обидувате да остварите контакт со неа.
Водолија
Колку и да ве провоцираат другите, вие нема да дозволите да ви го уништат расположението. Некоја личност која ја запознавте неодамна ќе ви покаже знаци дека сака да ве запознае подобро. Одлично расположение.
Риби
Денес потребно е да одржувате добра комуникација со личностите со кои соработувате, но тоа малку ќе ви биде проблематично. Подгответе се да бидете трпеливи. При средбата со некоја интересна личност ќе бидете духовити и расположени.