Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Еве како ќе ви започне работната недела

Реклама

Еве како ќе ви започне новата работна недела…

Овен

Денес пред себе ќе си поставите илјадници задачи и ќе го дадете својот максимум истите да и завршите. Но, во текот на денот ќе мора да ги менувате своите приоритети. Ова е добар ден да започнете комуникација со личност за која одамна сте заинтересирани.

Бик

Денес ќе имате еден важен договор па ќе размислувате како да се поставите со цел да го извлечете најдоброто. Можно е некои ваши идеи да не бидат прифатени од соработниците. Емотивниот сегмент денес ќе ви биде одлично поставен и можете да се опуштите со саканата личност.

Маркетинг

Близнаци

Загрижени сте затоа што постои можност еден договор да биде одложен. Преземете иницијатива и не дозволувајте да дојде до одложување, зашто ова е нешто што ви е особено важно. Луѓето со кои доаѓате во контакт не ги оставате рамнодушни: Комуникативни сте, забавни и духовити.

Рак

Ќе се чувствувате опуштено и ќе успеете да решите една важна ситуација на вашето работно место. До вас доаѓаат вести за некои финансиски приливи или подароци. Свртете се кон личноста која ви е интересна и можете да започнете добра комуникација.

Маркетинг

Лав

Успеавте да остварите поголем дел од она што сте го замислиле, па можете да бидете задоволни со своите резултати. Комуникацијата со вашите колеги се одвива онака како што очекувавте. Добро сте расположени и оставате добар впечаток кај другите.

Девица

Свесни сте дека денес можете да успеете да решите еден проблем и максимално ќе се ангажирате околу тоа. Ќе преземете и силна иницијатива и кога е во прашање вашиот парнер или пак личност која сега ќе ви биде нешто повеќе од пријател.

Вага

Би требало малку подобро да размислите за тоа дали да започнете со некои нови договори. Меѓутоа, нетрпеливи сте и сакате уште веднаш да направите некои промени. Внимавајте во брзањето да не направите некоја грешка или пропуст. Страствен ден на љубовен план.

Скорпија

Нешто што ви претставуваше проблем, денес можете да го решите со вашите соработници или колеги. Големи можности за знанчајни финансиски приливи. Особено сте расположени да започнете комуникација со личност која ви се допаѓа, но немате трпение за нејзините одложувања.

Стрелец

Оние работи кои ве кочеа претходниот период, сега ќе успеете да ги завршите. Затоа, впуштете се на работа и ангажирајте се колку што е можно повее. Една личност се обидува да го привлече вашето внимание. Ви годи тоа, но не сте сигурни како да се однесувате.

Јарец

Некои ваши идеи од претходниот период, сега лесно ќе се реализираат. Вие сте во добро расположение, а и атмосферата во деловното опкружување ќе ви биде добра, па лесно ќе соработувате со другите. Своето расположение ќе успеете да го пренесете и во односите со саканата личност.

Водолија

Време е да започнете некои догвори за кои одамна размислувате. Имате одлична иницијатива и луѓето се подготвени да ве слушаат. Комуникацијата со личноста која ви се допаѓа се одвива супер, па ќе поминете заеднички исполнети часови.

Риби

Ова не е ниту малку лош ден за да го завршите она што ви е особено важно. Ќе бидете доста ангажирани, а можно е да имате и одреден финансиски прилив. Не дозволувајте овој ден да помине без средба со саканта личност, затоа што пред вас се моменти полни со страст.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button