Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Еве како ќе ви започне новата работна недела

Реклама

Дознајте како ќе ви започне оваа нова работна недела…

Овен

Оптеретени сте со некои приватни проблеми и тешко ќе се фокусирате на обврските кои мора да ги завршите. И колегите со своите прашања постојано ќе ви го одвлекуваат вниманието. Во доцните попладневни часови малку ќе си дојдете при себе.

Бик

Нешто во врска со состанок или разговор кој го планиравте за денес, ќе се промени во последен момент и ќе ви ги расипе плановите. Ни на емотивен план нема да бидете целосно задоволни, затоа што вашиот партнер или ќе биде дистанциран или нема да успеете да се вклопите со неговите планови за овие денови.

Маркетинг

Близнаци

Денес ќе ви биде важна поддршката од вашите шефови, па затоа потрудете се да имате добра комуникација со нив. Ако ви е потребен некој вид услуга (или можеби слободен ден), подгответе се затоа што тоа ќе ви оди потешко. Во вториот дел од денот ќе се чувствувате доста исцрпено.

Рак

Првиот дел од денот ќе ви донесе големо брзање и неможност да ги усогласите своите обврски, но ќе сфатите дека работата чека на вас и дека мора да ја завршите. Земете длабок здив и подгответе се да ги решавате проблемите еден по еден.

Маркетинг

Лав

Уште рано наутро ќе бидете изнервирани од вашиот партнер, поточно од некоја негова постапка, па целиот ден ќе ви помине во нерасположение. Како дополнително на сето ова, ќе имате еден куп работа, па ќе мора да работите како знаете и умеете.

Девица

Толку сте посветени на обврските, што најверојатно не забележуате што се случува околу вас. Обидете се да ги завршите навреме вашите обврски, иако тоа ќе ви дојде доста тешко. Една личност е заинтересирана за вас и повремено ви испраќа „сигнали“.

Вага

Денес нема да бидете во добри односи со вашите колеги. Можеби е најдобро да се посветите само на вашите обврски и да не влегувате во кавги со оние околу вас. Во попладневните часови ве очекува и напната ситуација со партнерот, но кој крајот на денот ќе се смири.

Скорпија

Работа ќе имате преку глава, а некој од надредените ќе се обидува да ви „дава памет“ уште во раните утрински часови. Прашањето е колку долго ќе можете да ја издржите оваа ситуација… Незадоволство и на емотивен план. Некои со своите постапки може да го повредат својот партнер.

Стрелец

Денес ве очекуваат промени во последен момент кои нема да ви донесат никакво задоволство и ќе бидат доволни да ви го загорчат целиот работен ден. Ќе бидете во неубаво расположение, па можно е така да се поставите и кон вашиот партнер. Обидете се да бидете присебни и да не ги расипате своите односи.

Јарец

Првиот дел од денот ќе ви биде особено напнат, затоа што никако нема да успеете да се влкопите со партнерите и соработниците. Ако нешто имате зацртано – не откажувајте се од тоа. Од друга страна, ова е одличен ден за да ѝ се посветите на саканата личност.

Водолија

За да направите некои конкретни договори, мора да се прилагодите на луѓето со кои ќе соработувате во текот на денешниот ден. Тоа нема да ви биде едноставно, особено во попладневните часови. Иако се нервирате поради работата, на емотивен план ќе бидете сосема задоволни и сѐ ќе ви оди како што треба.

Риби

Не ви се допаѓа тоа што прифативте некои дополнителни барања од страна на вашите соработници и надредени. Сепак, сега сте свесни дека истите мора да ги обработите на вистинскиот начин и да направите комромиси. Ќе имате голема потреба од вашиот партнер, но тешко дека ќе можете целосно да му се посветите.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button