Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Девиците ќе бидат полни со страст, а Јарците ќе имаат неочекувани приливи

Реклама

Денешниов ден ви ги носи овие случувања…

Овен

Ќе ви одговараат зборовите и поддршката од страна на надредените. Денес може да добиете предлог за некој нов проект за кој вреди да размислите. Некој ќе преземе иницијатива и ќе се обиде да ви ја покаже својата заинтересираност.

Бик

Денес премногу ќе размислувате за некои ситуации, па можно е да пропуштите некои договори. Водете сметка да не заборавите на некои важни состаноци кои сте ги договориле во претходниот период. На саканата личност ѝ одговара вашата ангажираност.

Маркетинг

Близнаци

Денес ќе имате еден важен разговор со еден деловен партнер, а можно е да биде присутна и личноста која посредувала за сето ова. Внимателно направете го концептот на разговор, за да не заборавите некои важни факти. Посветете ѝ се повеќе на саканата личност.

Рак

Потреба ви е сериозна подготовка за работите кои ве очекуваат овој ден. Можно е поблизок контакт со вашите шефови, па затоа потрудете се да оставите добар впечаток. За партнерот ќе имате време само во доцните попладневни часови. Посветете се еден на друг.

Маркетинг

Лав

Ова е вистинско време да завршите една деловна обврска. Можно е другите да ви пречат со своите забелешки, но сето тоа ќе го решите по кратка постапка. Големи планови за излегување или за средба ве очекуваат во попадневните часови и ќе поминете многу подобро отколку што сте се надевале.

Девица

Денес ќе успеете да усогласите некои лични со деловни обврски. Ќе ви биде потребна голема организираност, но ќе стигнете на време. Зафатените Девици денес треба целото свое внимание да му го посветат на партнерот, зашто постојат особено страстни моменти.

Вага 

Една услуга од страна на ваш колега ќе ви помогне во последен момент да решите некоја ситуација во ваша корист. Ќе бидете изненадени од поддршката која ја добивате. Можна е кавга со вашиот партнер, но ќе ја решите многу брзо, само треба малку да се потрудите и да внесете страст во вашите односи.

Скорпија

Денес ќе имате одлична комуникација, но и соработка со шефовите и личности со авторитет. Ќе забележите дека другите околу вас ве гледаат на сосема поинаков начин наместо до сега и ќе бидете задоволни од сето тоа. Денес е ден за флертување, забава и за опуштени излегувања.

Стрелец

Што и да почнете денес, ќе ви оди од рака. Не искористувајте го ова само во деловниот сегмент, туку направете некој потег и кон личоста која ви се допаѓа и која ви значи. Во текот на денот можно е ново познанство со некоја интересна личност.

Јарец

Денес неочекувано ќе добиете некој финансиски прилив и тоа ќе бидат најверојатно пари кои одамна ги очекувавте. На работа ќе имате еден мирен и стабилен ден. Добро ќе бидете расположени, па ќе си создадете убава атмосфера во семејниот дом. Ќе уживате во вашето друштво.

Вводолија

Овој ден е посебен за комуникација со соработниците, нови договори и остварување нови контакти со луѓето кои може да ви бидат деловно важни. Добро ќе бидете расположени и можете да започнете со акција. Можна е и комуникаиција со некоја личност која ве привлекува.

Риби

Денес пред вас може да се отвори некоја добра работна понуда. Ќе ви биде потребно да реагирате на време, не одолговлечкувајте со размислување. Оние кои се спремни за авантура, денес треба посебно да се подготват, зашто ќе налетат на интересно и ново познанство, кое можеби ќе дојде преку социјалните мрежи.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button