Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: На Девиците љубовта им е на прво место, а Стрелците да се чуват од флертување

Реклама

Што ви носи денешниов последен ден од октомври?

Овен

Некој од вашите соработници ќе ви го зголеми притисокот на вас и ќе имате проблем да се вклопите со оваа личност. И сето ова ќе ве мачи во текот на целиот ден и ќе ви предизвика дополнителна нервоза, при што најверојатно ќе бидете напнати и со саканата личност.

Бик

Денес можете да постигнете многу повеќе отколку што сте си замислиле. Саканата личност можеби ќе ви најде забелешки околу нешто, но обидете се да прогледате низ прсти за некои прашања.

Маркетинг

Близнаци

Денес ќе биде неопходно да извршите некои промени во вашата работна организација. Очигледно е дека неколку од обврските ќе ги префрлите на вашите колеги. Но, сето ова ќе ви помине доста лесно. Променете го односот со вашиот партнер.

Рак

Денес ќе се обидувате да довршите некои важни обврски кои ви останаа од вчерашниот ден. Но, целосно ќе се опуштите и постојано ќе бидете со насмевка на лицето и во добро расположение. Добар ден за ислегување со друштво, но и нови познанства.

Маркетинг

Лав

Денес ќе имате одлична комуникација со луѓето со кои работите, па време е да барате некоја услуга со цел да си ги олесните вашите обврски. Другите се спремни да ве поддржат и да ве сослушат. Со партнерот ќе мора да научите малку да се прилагодувате.

Девица

Денес навистина би сакале да ги завршите сите обврски кои ги имате, но некако нема да ви се работи и ќе гледате да го сработите само она што е приоритетно. Она што ви е потребно се емоции и внимание. Љубовта ви е на прво место.

Вага

Овој ден ќе ви донесе една голема енергија, при што самите ќе си земете премногу обврски, па можно е да не завршите сѐ. Имате потреба на саканата личност да ѝ се прикажете во најдоброто можно светло. Можна е и нова средба.

Скорпија

Денес можете да дојдете до кавга со личностите со кои работите или често сте во контакт. Пред вас е напорен ден, па не комплицирајте си го дополнително. Обидете се да мислите на љубовта и на средбата со вашиот партнер.

Стрелец

Денес ќе имате премногу обврски кои ќе ви одземат голем дел од вашето време. Вие лично сте задоволни, но ќе чекате коментар од надредените. Не флертувајте, партнерот може да се посомнева во вас.

Јарец

Денес ќе сакате да го покажете најдоброто од себе и да се претставите на најдобриот можен начин. Исто така ќе имате намера и повеќе време да ѝ посветите на саканата личност, но прашање е дали таа ќе може да се вклопи во вашите планови.

Водолија

Ако сакате да решите една проблематична ситуација, најверојатно ќе морате да реагирате малку побрзо. Не ви е тежок целиот процес, само сакате што побргу да се ослободите од оваа обврска. Малку ќе манипулирате со саканата личност.

Риби

Поддршка или услуга од страна на вашите колеги во голема мера ќе ви помогне да совладате некоја напната ситуација на работното место. Овој ден е одличен за излегување и забавни активности. Исто така можете да запознаете личност која ќе ви се допадне на прв поглед.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button