Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Близнаците ги чекаат нервози, а кај Рибите ќе биде нагласена страст

Реклама

Дознајте што ви нуди денешниов ден.

Овен

Денес мора добро да се организирате, а можеби ќе треба да направите и некоја прераспределба на работите, со цел да го постигнете она што сте го ветиле. Ќе бидете нервозни, но тоа не е оправдание да не завршите некои работи. Ќе имате добра комуникација со спротивниот пол.

Бик

Повеќе време ви одземаат работните обврски кои ви ги наметнаа другите, па мора да го извршувате и нивниот дел. Искористете го попладнето и вечерта за да се опуштите малку, да прошетате со партнерот/партнерката или да отидете на шопинг со пријателите. Ова ќе ви годи.

Маркетинг

Близнаци

Одлично ќе се снаоѓате во деловниот сегмент, затоа што ќе завршите повеќе од планираното. Но, од друга страна ќе се нервирате за вашиот емоционален живот. Партнерот ве провоцира и вие не можете да го средите тоа.

Рак

Денес на работа ви следуваат многу нервози, поради тоа што ве чекаат еден куп ситници, а ќе наидете и на забелешки од вашите претпоставени. Можно е после работното време само да сакате да одморите во вашиот дом, зашто ќе се чувствувате исцрпено и изморено.

Маркетинг

Лав

Денес ќе имате впечаток како некој да ве вклучил во струја, зашто ќе се обидувате да стигнете на сите страни, па повремено ќе се загубите во обврските. Сепак, ќе имате доволно енергија и добро расположение да се справите со другите. Одличен контакт со спротивниот пол.

Девица

Од една страна некои информации кои ќе ги добиете денес ќе ви годат и ќе ви дадат голема надеж, а од друга страна ќе бидете неспокојни поради финансискиот сегмент. Отстранете ги грижите и посветете се на вашите сакани кои нетрпеливо ве чекаат.

Вага

Имајте предвид дека ако се обидувате да посветите внимание на сите страни и да ги завршите сите обврски одеднаш, најверојатно нема да завршите ништо и поради тоа ќе се нервирате. Иако брзате, дајте си себеси повеќе време…

Скорпија

Денес нема да бидете баш во некое добро расположение и нема да може сите да ве разберат. Оние кои се навикнати на вашиот начин на работа одлично се вклопуваат со вас, но на новите нема да им биде јасно што се случува со вас. Комуникацијата помеѓу вас и саканата личност ќе биде одлична, па ова ќе ви помогне малку да се опуштите.

Стрелец

Работите малку ќе бидат напнати, па затоа завршете си ги вашите обврски, затоа што кога ќе почне тензијата и напнатоста, нема да знаете на која страна да фатите. Партнерот ви е потребен, па покажете му го тоа. Не блокирајте ги своите чувства.

Јарец

Денес ниту вие не знаете во целост што сакате, ниту пак другите знаат што да бараат од вас. Како да настапила една општа збрка, па има тензии без врска. Обидете се да се оддалечите од овие работи, особено ако добивате некои бесмислени и неосновани критики.

Водолија

Од една страна успешно успевате да ги завршите своите обврски и да остварите интересна комуникација, но ви смета тоа што не можете да се мрднете од место. Оставете некои работи за друг ден. Ова е добар ден за нови познанства.

Риби

Ова е одличен момент за контакт, средба или состанок со потенцијални деловни партнери. Претставете се себеси во одлично светло и ова е прилика за вас која вреди да ја искористите. Во попладневните и вечерните часови ќе се чувствувате одлично. Нагласена е страстта.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button