Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Близнаците се премногу фокусирани на себе, а а Водолиите ќе имаат неочекувани трошоци

Реклама

Еве што ве очекува денешниов празничен ден…

Овен

Маркетинг

Денес бидете паметни, трпеливи и добро анализирајте го секој свој потег. Овој ден ви носи многу можности, но исто така постои можност за грешки. Не бидете импулсивни и ќе се изненадите од некои реакции на вашиот партнер.

Бик

Маркетинг

Денес ќе имате премногу обврски, па нема добро да се сложувате со вашите соработници. Некои работи ќе ве декоцентрираат, па добро организирајте се за да не направите некоја грешка. Имате чувство дека некои работи во вашата врска не функционираат како што треба.

Близнаци

Денес некои работи ќе мора да ги корегирате. Но, за сета среќа, вие сте убедливи и ќе можете да ги убедите вашите колеги да ви помогнат. Премногу сте фокусирани на себе. Спуштете се малку на земја.

Рак

Денес ќе бидете доста критички настроени кон луѓето со кои ќе доаѓате во контакт. Не создавајте погрешна слика за себе со своето моментално нерасположение. Можно е да направите грешка со саканата личност.

Лав

Денес мора да се прилагодувате на другите доколку сакате работите да се свртат во ваша корист. Вашето однесување со саканата личност е многу интензивно, што дури вашиот партнер може да се изненади од некој ваш потег.

Девица

Можно е да сте ветиле дека нешто ќе завршите, а тоа целосно да сте го заборавиле. Не е ваша навика да кршите ветувања (дури и не давате толку лесно), но премногу сте окупирани со други работи. Поправете го овој впечаток и потрудете се да го остварите ветеното.

Вага

Свесни сте дека имате направено некои грешки, но се надевате дека тоа нема да испадне на виделина. Некои информации ќе ве вознемират по малку, но не треба да ги преувеличувате. Нема причина за поголема загриженост.

Скорпија

Малку сте загрижени поради некои ситуации во вашето деловно окружување, па ви се чини дека некои работи траат повеќе од планираното. Денес би било добро да се ангажирате околу саканата личност, па да исправите некои грешки од минатото.

Стрелец

Денес не обидувајте се да им докажувате некои работи на другите луѓе, зашто мала е веројатноста дека ќе имате успех во тоа. Вие работете на свој начин, а дозволете им на другите да прават онака како што мислат тие. Не можете да им ги менувате ставовите на другите. Ова важи и за односите со емотивниот партнер.

Јарец

Денес ќе имате храброст да застанете зад сето она што сте го сработиле во минатото, зашто сметате дека некои забелешки кои ви беа упатени, се сосема неоправдани. Откако ќе завршите со работа едвај ќе чекате да се свртите кон поубавата страна на животот – љубовта, која и денес ќе биде на ваша страна.

Водолија

Во првиот дел од денот ве очекува брзање и благи промени на расположението. Можно е да се појават и некои трошоци кои ниту малку не сте ги очекувале. Ударот по џебот не ви се допаѓа никогаш, па ниту денес. Саканата личност може да ви го поправи расположението.

Риби

Мора да завршите многу работи во текот на претпладневните часови, а повремено имате чувство дека се губите во морето од обврски. Енергијата ќе ви се намали и едвај ќе чекате да заврши работниот ден. После работата ќе ве исполни времето поминато со вашиот партнер.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button