Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Биковите ќе бидат напнати, а Вагите ќе бидат полни со сомнежи

Реклама

Еве што ве очекува оваа среда.

Овен

Денес ќе функционирате така што еден проблем ќе решите, а друг ќе ви се појави. Големи тензии во комуникација со другите, тешко вклопување и појава на недоразбирање. Многу слична ситуација ќе ви биде и на љубовен план. Обидете се да имате малку повеќе разбирање.

Бик

Напнатоста во деловното опкружување постојано ќе расте. Веќе сте научени да се изборите со некои ситуации, па не дозволувајте да бидете вовлечени во некои бесмислени расправии. Ќе имате и сомнеж во вашиот партнер и чувство дека нешто крие од вас.

Маркетинг

Близнаци

Свесни сте дека некој се обидува да манипулира со вас и да влијае на вашето размислување и вашите ставови. Внимавајте да не издадете некои важни информации. На емотивен план ќе сакате да флертувате, но всушност само ќе си поигрувате со другите.

Рак

На работното место, од самиот почеток на денот, некој негативно ќе влијае на вашето расположение. Посветете им се на своите обврски и не обрнувајте внимание на другите. Вашиот партнер може да ве изнервира со своето однесување или со некои свои забелешки.

Маркетинг

Лав

Денес ќе ви биде особено тешко да го сочувате внатрешниот мир, зашто некој ќе ви пречи со своето однесување. Обидете се да се посветитите само на своите преоритети. Голема недоверба кон саката личност. Не започнувајте расправии, не е виситнски момент за тоа.

Девица

Денес другите ќе се обидуваат да влијаат на вашето мислење. Не потпаѓајте под нивно влијание, туку интересирајте се само за она што вам ви е важно. Саканата личност не може да сфати на кој начин вие размислувате за неа.

Вага

Денес ќе ви биде потребна голема концентрација, зашто многу работи не се на ваша страна. Обидете се да не правите грешки на работното место. Во врска со љубовниот партнер може да имате притисок, љубомора, сомнежи. Бидете подготвени на компромиси.

Скорпија

Денес ќе ви биде тешко да процените дали личностите со кои сте во контакт се искрени или пак се обидуваат да манипулираат со вас. Бидете внимателни во комуникацијата со другите. Лесното флертување може да прерасне во страст која би можела да ве вовлече во некоја афера.

Стрелец

Денес мора да се прилагодите на другите, иако тоа ќе ви дојде прилично тешко. Неопходна ви е поддршка и помош од соработниците и колегите, затоа што не можете сами да ги завршите обврските. Од друга страна ќе ве нервираат нивните ставови и нивното однесување. Мора да се обидете да најдете компромис.

Јарец

Денес ќе мора да се согласите на некои услови кои не ви одговараат, а вашите соработници ќе се трудат да ви го наметнат своето мислење. Ќе го притискате вашиот партнер да се однесува онака како што вие имате замислено. Напнатост во односите.

Водолија

Денес ќе бидете упорни да ги завршите работите што сте си ги замислиле и најверојатно ќе успеете во тоа. Својата тврдоглавост ќе ја искористите на вистинскиот начин. Со саканата личност тешко ќе постигнувате комрпомиси, иако и двајцата ќе се трудите да се прилагодите еден на друг.

Риби

Упорни сте да заврште нешто што сте започнале и најверојатно ќе успеете во тоа. Меѓутоа, сите случувања дополнително ќе ве исцрпат, затоа што можно е да треба да корегирате нечии туѓи грешки. Малку веројатно е дека ќе бидете добро расположени со вашиот партнер.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button