Реклама
Шминка

dm Beauty o’clock: Незаборавен beauty настан кој ги постави стандардите за убавина на едно ново, многу високо ниво!

Најголемиот европски дрогериски ланец dm drogerie markt со Школа за убавина Арт организираше незаборавен beauty настан

Реклама

На 14 мај, Ragusa Rooftop – 360 беше центар на светот за убавина за повеќе од 200 посетители кои ја почувствуваа моќта на инспирацијата и научија многу нови tips&tricks за нега и убавина!

Најголемиот европски дрогериски ланец dm drogerie markt со Школа за убавина Арт организираше незаборавен beauty настан кој беше наменет за сите оние на кои dm им е омилено место за пазарување, релаксација и забава, но и за makeup љубителите кои сакаа да научат нешто повеќе за шминката.

Со цел да ги израдува своите верни купувачи, но и на едно место да ги собере бројните соработници, инфлуенсери и стручни лица, со овој настан dm го прикажа makeup светот од еден сосема друг агол. Во изминатите два месеца пред настанот, 12 вработени од dm посетуваа обука преку која се стекнаа со сертификати за професионални шминкери. Со стекнувањето на овој стручно едуциран кадар, dm воведе нова услуга во одредени дрогерии: Професионално шминкање и beauty советување кое го вршат dm советничките за убавина. Со сметка над 1.900 ден. за шминки и додатоци за шминкање купувачите добиваат купон со кој може да закажат термин за бесплатно професионално шминкање секоја среда, петок и сабота. Дополнително, во истите дрогерии може комплетно бесплатно, секој вторник и четврток, советничките за убавина да го одредат типот на вашата кожа и да ве советуваат како соодветно да се негувате. Листата на дрогерии каде може да ја пронајдете оваа услуга, може да ја погледнете тука: Советници за убавина | dm Македонија

Маркетинг

Започнувајќи од 15:30 часот, посетителите на самиот влез на настанот добиваа специјални ,,часовници“ со богатата агенда која ги очекуваше во текот на попладнето. На три beauty корнери имаше мастер класови каде беа презентирани различни техники за шминкање со детално обаснување за сите чекори во текот на креирањето на изгледот: Fresh look – daily glam; From day to night makeup; Smokey eye glam; Marilyn Monroe Iconic makeup look. На главниот мастер глас кој го одржа професионален едукатор од Школа за убавина Арт, присутните ја погледнаа комплетната демонстрација за како да се постигне Prom makeup.

Маркетинг

Сето ова беше придружено со вкусни dmBio закуски и освежителни коктели, фото-корнери каде се правеа креативни фотографии, Ring for makeup катче за подароци. Забавата беше неизоставен дел, па така настанот го заокружи DJ Панчо од DNK со одлична музика.

Едно е сигурно, dm Beauty o’clock беше едно уникатно искуство, комбинација од интерактивни активности, едукативни мастер класови и добра забава – настан од кој посетителите си заминаа со безброј убави импресии, подготвени за уште многу изненадувања кои dm ги подготвува во наредниот период.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button