Дивиот костен лекува стотина болести, како однесени со рака – од болки во ‘рбетот, проблеми со вените до хемороиди, еве како да го користите
Искористете ја сезоната за берење на диви костени, а ние ви носиме совети како да ги употребите во здравствени цели.

Дивиот костен, познат и како коњски костен, е дрво со импресивна крошна и убави бели цветови што цветаат напролет, а плодовите пак, костените ги дава наесен, особено во месецот октомври. Иако неговите плодови личат на јадливиот костен, тие не се наменети за исхрана, бидејќи содржат горчливи и токсични материи.
Но, токму тие состојки го прават овој костен едно од највредните природни средства во народната и современата фитотерапија.
Advertisement
Во медицинската практика се користат семките, луспата, цветовите и кората на дивиот костен.
Најзначајната активна состојка е есцинот, кој има изразено венотонично и антиинфламаторно дејство. Тој ја подобрува циркулацијата, го зајакнува ѕидот на вените и ги намалува отоците и воспаленијата. Затоа препаратите од див костен се користат при проширени вени, хемороиди, хронична венска слабост и чувство на тешки нозе.
Екстрактите од плодовите и кората ја намалуваат болката и го спречуваат создавањето на тромбови, истовремено ја зголемуваат еластичноста на крвните садови. Овој природен лек делува и како антиоксиданс, ги штити клетките од оштетувања и го поттикнува прочистувањето на организмот.
Во народната медицина, дивиот костен има широка примена. Се користи како средство против ревматски болки, артритис и воспаленија на мускулите и зглобовите. Постојат неколку традиционални начини на подготовка и употреба.
Најпознат е домашниот алкохолен екстракт или тинктура.
Од оваа течност се нанесува мала количина на болното место, со лесна масажа, еднаш до двапати дневно. Овој природен мелем ја подобрува циркулацијата и го смирува воспалението.
Како да го направите екстрактот?
Зрели и исушени плодови (костени) се ситнат и се потопуваат во ракија или 70% алкохол, во однос 1:3.
Садот се остава да отстои на темно и ладно место околу три недели, а потоа течноста се процедува. Од оваа тинктура се земаат 15 до 20 капки двапати дневно, разредени во малку вода. Оваа терапија помага да се намали отокот, болката и воспалението кај хемороидите и кај болните и набабрени вени.
За надворешна употреба, може да се подготви маст од див костен. Ситно исечкани костени се мешаат со растопена свинска маст или со вазелин, по можност во однос 1:5. Смесата се остава да отстои неколку дена, а потоа се нанесува на болното место двапати дневно. Ова ја ублажува болката, ја намалува чувствителноста и ја подобрува циркулацијата.

Како се употребува за болки во рбетот?
За надворешна употреба, се прават облоги. Изрендан или исечкан плод се завиткува во тенка ткаенина и се става на болните места на рбетот, на зглобовите, на болните мускули, на вените, околу половина час. Ваквите облоги ја намалуваат болката и ја олеснуваат напнатоста во мускулите.
Од цветовите, пак, се подготвува чај кој се пие во мали количини. Една мала лажичка сушени цветови се прелива со врела вода и се остава да отстои десетина минути.
Се пие половина шолја дневно, најмногу една недела по ред. Оваа напивка пак, се користи за јакнење на имунитетот и за прочистување на крвта.
Иако дивиот костен е благороден дар на природата, треба да се користи со внимание. Поголеми дози можат да предизвикаат мачнина или стомачни тегоби, па затоа секогаш е добро употребата да биде умерена.
Денес, геловите и кремите со екстракт од див костен се достапни во аптеките и се докажани како ефикасни при замор, отоци и проширени вени. Со редовна употреба, тие ја враќаат леснотијата во нозете и ја подобруваат циркулацијата.
Иако не е дел од секојдневната исхрана, дивиот костен заслужува посебно место во домашната аптека. Тој потсетува дека природата ни дава лекови за многу здравствени состојби, па затоа искористете ја сезоната на костени и почувствувајте ја неговата делотворност.