Стил

Диор покажа што е гламур – Новогодишна елка во срцето на Милано инспирирана од луксузот на Версај (фото)

Годинава Диор доби чест да постави и накити елка во центарот на Милано. Елката е спектакуларен приказ на уметност, елеганција и мајсторство.

Advertisement

Оваа година, божиќната елка во Галерија Виторио Емануеле II во Милано (луксузна улица во срцето на градот на модата) е потпишана од Диор.

 

Advertisement
View this post on Instagram

 

A post shared by © 𝔸𝕪𝕣𝕥𝕠𝕟 𝕁. (@agarcial_28)

Висока е 14 метри, украсена во бела и златна боја, со повеќе од 1.900 украси, меѓу кои доминираат златни цвеќиња и голема ѕвезда на врвот, еден од симболите на модната куќа Диор.

Инспирацијата за дизајнот доаѓа од величественоста на дворецот Версај, како омаж на елеганцијата и раскошот кои го карактеризираат стилот на француската модна куќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milano City (@infomilanocity)

Галерија Виторио Емануеле е како еден вид „луксузна дневна соба“ за жителите на Милано. Таа е дом на бутици, книжарници и ресторани и ги поврзува двата клучни пункта на градот, катедралата Дуомо и театарот Ла Скала. Не е изненадувачки што многу брендови ја искористуваат можноста токму тука да создадат инсталации кои ќе бидат видени и фотографирани од илјадници минувачи, жители и туристи.

Покрај елката, Диор го осветли и сводот на галеријата со декорации кои го истакнуваат грбот на градот Милано.

Луксузната модна куќа постави божиќни дрвја и во девет други општини на градот, како дел од нејзиниот придонес за заедницата.

Со оваа соработка, Диор не само што создава туристичка и културна атракција, туку и демонстрира социјална одговорност преку поддршка на проектот за реновирање на плоштадот Фонтана (Piazza Fontana), предвиден за 2025 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button