Наши ѕвезди

Дина Јашари со интимна посвета на Скопје – ова му дава смисла на градот

Младата популарна кантавторка Дина Јашари има нов сингл „Градот“ – интимна ода за Скопје.

Advertisement

Кантавторката Дина Јашари го објави својот нов сингл „Градот“, заедно со видео спот, со кој официјално го најавува нејзиниот нов звучен израз.

„Градот“ претставува нова етапа во музичкото патување на Јашари, откривајќи свеж звук кој ја зацврстува нејзината позиција на македонската, но и на пошироката балканска музичка сцена.

Advertisement

Песната е интимна посвета на Скопје, што е вешто пренесено преку визуелниот приказ на автентични локации од градот во видеоспотот, чиј автор е младиот видеограф Доан Акити. Дизајнот во видео спотот е дело на Васил Шемко.

„Посветена на сите луѓе и места, присутни и за жал некои од нив отсутни, што му даваат смисла на ГРАДОТ,“ вели Дина за новата песна.

Во видеото се појавуваат и долгогодишните соработници и членови на нејзиниот бенд – Лука Тошев и Драган Теодосиев.

Advertisement

Текстот и музиката за „Градот“ се дело на самата Дина Јашари, додека во аранжманот и се придружуваат Лука Тошев и Драган Теодосиев, продукцијата е на Дина Јашари и Димитрије Марковиќ, миксот е на Драги Иванов а мастерингот на Roy Recklies.

„Градот“ е достапен на сите дигитални платформи, а нови песни се очекуваат наскоро, носејќи уште повеќе искрени приказни и современи звуци што го рефлектираат растот и визијата на оваа извонредна млада артистка.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button