CelebrityНаши ѕвезди

Дина Јашари – пејачката од Скопје за којашто сите зборуваат

Advertisement

Младата и веќе докажана пејачка Дина Јашари вчера ја им имaше честа да настапи пред култните „Масив атак“ на Скопје колинг.

Advertisement

 

Денеска сите зборуваат за вчерашното „лудило“ во главниот град каде епицентарот на добрата музика беше стадионот на АРМ.

Очекувањата за британски три-хоп бенд кој по 15 години повторно се враќа во Скопје беа големи, но она што сите ги воодушеви беше прекрасната Дина на сцената. Бројни пофалби за нејзиното однесување пеење и секако музиакта која што самата ја создава на толку млада возраст.

Advertisement

 

На 11-годишна возраст почнала да си снима вокали, најчесто на песни од Хана Монтана. Деби-албумот „Дома“ го издаде во 2021 година, а со истоимената песна која се најде на албумот ја освои наградата „Милан Младеновиќ“ за 2022 година, за најдобра песна во регионот.

– Најчесто создавам за да се ослободам од мисли што тежат, како соочување со ситуации што ги носи животот. Кога го изгубив татко ми, мислам дека единствена работа што ми делуваше како терапија ми беше правењето музика, и сѐ уште е така, и веројатно ќе биде – рече во интервју за „Гламур“ таа.

Сите воодушевени од Дина и таа пресреќна за честа што ѝ беше укажана.

Сонот станува раелност – напиша таа на една од објавите.

 

 

Погледнете колку убаво изгеда денeска нејзиното стори.

 

Потсетуваме дека кантавторката Дина Јашари неодмна го објави својот најнов ов сингл „Градот“, заедно со видео спот кој предизвика голема позитивна врева во јавноста.

„Градот“ претставува нова етапа во музичкото патување на Јашари, откривајќи свеж звук кој ја зацврстува нејзината позиција на македонската, но и на пошироката балканска музичка сцена.

 

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button