NEWSВестиПолитика

Димитриевски повторно побара тв дуел со Филипче: СДСМ денес има под 100 илјади гласови

Advertisement

Лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија Максим Димитриевски денеска возврати на синоќешната изјава лидерот на опозицијата Венко Филипче.

„Првиот соработник на министерот за смрт во владата на Груевски од позиција на самопрогласен лидер на СДСМ обвинува за соработка. Човек кој во себе нема никакви социјалдемократски вредности, бидејќи времето го поминува во луксуз, раскош на јахти и во скапи автомобили“, порача Димитриевски.

Advertisement

“Во континуитет поддржан од неговиот политички гуру – Зоран Заев, не може да биде човек што ќе ја претствува социјалдемократијата. Истиот ниту знае со колкав имот располага, ниту може самиот становите да си ги преброи, па оставам на јавноста да процени дали тој е вистински социјалдемократ“, додава Димитриевски.

За жал, рече тој, една некогаш државотворна партија каква што беше СДСМ денес се сведува под 100 илјади гласови и неа секојденвно ја напуштаат сите нејзини вистински членови и се придружуваат на ЗНАМ, бидејќи препознаваат дека нашето Движење е политилка партија која се создаде од обичните луѓе и ги држи крушевските и асномските идеали.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button