NEWSВестиПолитика

Димитриевски: Филипче го повикува членството на ЗНАМ да се „вратат назад дома“

Advertisement

Лидерот на Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, Максим Димитриевски го повика лидерот на СДСМ Венко Филипче на дуел, каде ќе ги соочат аргументите за сите прашања јавно, наместо да се занимаваат со ЗНАМ и да се служат со шпекулации и невистини. Ова денеска го порача, гостувајќи во телевизиско интерјвју во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24. Меѓу другото и за повиците од Филипче до членството на ЗНАМ да се вратат назад дома.

„Да биде сарказмот поголем, не само што ги повика јавно, туку им се јавуваат и телефонски и им велат – вратете се назад простено ви е се. Барем да речат – се извинуваме погрешивме, повелете вратете се назад. Тоа е проблемот и кај претходното, и кај ова, а веројатно и кај идното раководство на СДСМ, затоа што повеќе од сигурно ќе има ново раководство. Тие ќе останат генерали без војска и се занимаваат со нас, наместо со својот главен опонент – ВМРО-ДПМНЕ. Во ред ако сакате може да се соочиме, еве јас го повикувам Венко Филипче и да ги соочиме аргументите, а не да доаѓа како денеска во Куманово и за мене да се искажуваат лаги и инсинуации“, порача Димитриевски, кој рече и дека за него СДСМ е одамна завршена приказна.

Advertisement

Тој истакна дека ЗНАМ е автентична партија, во која, точно е дека има поранешни членови социјалдемократи, но и голем дел на луѓе кои првпат влегуваат во политика, меѓу кои и видни јавни личности и поранешни спортисти – репрезентативци.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button