Диети

Оваа девојка ослабе 20 килограми со нејзиниот револуционерен начин на исхрана

Advertisement

Контроверзната и самопогласена експертка за диети, позната како Фрили „Банана девојка“ ја пропагира нејзината диета која што подразбира големи количини на една намирница, а нејзините оброци ги нарекува „моно-оброци“.

Advertisement

Оваа 34 годишна Австралијка тврди дека ослабела од 70 на 50 килограми придржувајќи се на нејзиниот режим на исхрана. Таа и претходно го привлече вниманието на јавноста со нејзината изјава дека може да изеде 51 банани дневно, бидејќи тоа е дел од нејзината свежа веганска диета, која е богата со јаглехидрати, а има многу малу масти.

Сепак, оние кои имаат искуства со диетите велат дека јадењето само една намирница не е добро ни за здравјето, ни за слабеењето. Но, тоа не важи и за Фрили.

Advertisement

Таа дневно внесува од 2500 до 5000 калории,а до пред 4 часот попладне јаде само свежи намирници – што значи дека не јаде ни варено, ни пржено, ниту подгреано.

Покрај тоа што ослабела 20 килограми, таа вели и дека со оваа диета го исчистила лицето од брунки, го излечила хроничниот замор и го поправила лошото функционирање на тироидната жлезда, како и лошото варење.

Таа најчесто јаде оброци со една намирница, која што ги нарекува моно-оброци. Тие се состојат од големи количини на еден вид овошје или зеленчук. Па така таа само во еден оброк може да изеде цели два ананаси, пет манга, да испие два литра сок од портокал, да изеде килограм и пол кајсии или 20 банани.

„Кога се исхранувате едноставно, апсорпција на витамините и минералите е максилна и затоа на мозокот му обезбедувате повеќе хранливи материи, па доплго останувате заситени. Околу 90 отсто од моите оброци се моно-оброци. Јадењето еден вид овошје или зеленчук е здраво и затоа што го упростува и оптимизира варењето. Поголема телесна енергија се троши на варењето храна, па која јадете оброци кои содржат многу намирници, организмот мора да се помачи повеќе не само за да ја свари храната, туку и за да ги извади здравите и хранливи материи. Но, доколку погледнете во природата, животните јадат во главно едно нешто, а немаат проблем со варењето и прекумерните килограми.“ – вели оваа девојка.

Фрили, која во минатото боледувала и од анорексиоја и од булемија, вели дека се опоравила потполно и убедува дека луѓето се создадени за да се прехрануваат како што тоа го прави таа.

„Кога се држите до диетите кои се богати со јаглехидрати и во кои се јадат многу растенија, една од добрите работи е што можете да јадете големи количини храна.За мене тоа е добро, бидејќи инаку сакам да јадам обилно, а на овој начин можам и да останам слаба и здрава. А можам да јадам многу бидејќи растенијата се богати со влакна и вода, а содржат малку калории, за разлика од животинските производи“, вели Фрлили.

Од друга страна таа тврди дека со оваа диета не треба да се воздржувате од некои намирници кои не можете да ги јадете со другите диети. Па така таа вели дека не го избегнува компирот и дека кога имала 70, а потоа и 50 килограми внесувањето на бројот на калории не се променил многу.

Без разлика на тоа која количина ќе ја изеде, како што вели таа самата, не се чувствува прејадено како кога тоа е случај со жив оброк.

„Кога почнав да живеам на овој начи9н, првата недела се чувствував надуено, но тоа НЕ беше проади диетата, туку затоа што во себе се уште ја имав храната која што поспоро се вари (мисалм на храна со животинско потекло). Само по неколку недели мојот стомак беше порамен од било кога. Но сосема е нормално по јадење да имате малку подигнат стомак и јас тоа редовно го покажувам на моите Јутјуб видеа. Но само за половина час мојот стомак се враќа на старото или кога ќе отидам во тоалет и ќе исфрлам голема количина вода од себе. Важно е да знаете дека со оваа диета стомакот не ви се полни со многу масти, туку со вода и влакна“, предупредува оваа банана девојка.

{youtube}dtgS7vSSIJQ{/youtube}

Сепак, многу нутриционисти не се согласуваат со ваквата моно-диета и предупредуваат дека со неа може да се дојде до дефициенција на хранливите материи.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button