Тестенини (паста) Формијана
Потребни состојки:
Едно пакување тестенини, една конзерва сос од домати, еден чешњак лук – грубо исечен, 200 грама пена за паста, ¼ шолја масло од маслинки, ¼ шолја сушено оригано, 2 лажички морска сол, ½ лажица свежо измелен црн пипер, 4 – 5 доста зрели и свежи домати.
Подготовка:
Загрејте ја рерната и садот во кој ќе го печете јадењето. Во блендер сипете го сосот од домати и лукот. Миксов пресипете го во чинија од средна величина, додајте ја незготвената паста, прелијте ја со маслиново масло, зачинете ја со оригано, босилок, сол и црн пипер. Промешајте ги сите состојки додека не се соединат. На дното и по краевите од садот или плехот во кој ќе се пече јадењето, поредете парчиња од свежиот домат. Посипете ја одозгора пастата, а на крајот сето тоа повторно наредете го со парчиња свеж домат. Посипете малку маслиново масло и печете го околу еден час на средна температура.