Диети

Диетата и вежбите на Никол Кидман: како на 46 години да изгледате како млада девојка

Реклама
Реклама

Никол Кидман цел живот е тенка и витка, така што нејзе воопшто не и претставува проблем да изгледа заводливо и секси и во петтата деценија од животот.

Маркетинг

46-годишната Никол ја одржува линијата со вежбање во теретана, со секојдневно трчање по неколку километри и пливање триесет минути дневно. Таа е мајка на четири деца и поборник за  диетата „Јадете чисто“ во која воопшто не се користи преработена храна.

Никол со години се одржува во форма и го чува здравјето со тоа што трча по неколку километри дневно. Љубовта кон трчањето ја наследила од нејзиниот татко.

„Мојот татко е маратонец. Иако има 73 години, тој понекогаш ќе истрча и 15-16 километри дневно“, вели Никол, која покрај трчањето многу често и плива. Таа пораснала во близина на море па така уште од мали нозе развила посебен однос кон водата и плива секој ден по 30 минути.

Маркетинг

Јавање

Покрај тоа што трча и плива, таа игра и тенис два пати неделно, а за улогата во филмот „Австралија“од 2008 година научила и да јава.

„Тоа е многу потешко отколку што мислев. За јавање е потребно да имате развиен и мускулест грб“, вели таа. Актерката исто така вели дека и чувањето на нејзините четири деца – две посвоени од бракот со Том Круз и две биолошки од бракот со Кит Урбан – е дополнителна вежба со која исто така се трошат многу калории.

Само чиста храна

Покрај многубројните физички активности, Никол, како и многу други нејзини колешки, линијата и доброто здравје го одржува и со правилна и урамнотежена исхрана. Таа, конкретно, се придржува на начинот на исхрана кој го пропишува диетата „Јадете чисто“. Станува збор за диета која што ја има осмислено Тоска Рено и се заснова на исхрана со намирници во природна состојба.

Органско и сирово

Во согласност со диетата „Јадете чисто“, треба да се избегнуваат прехрамбени продукти како бело брашно и шеќер, а предност треба да им се даде на сложените јаглехидрати и белковините од месото. Се препорачува обилен доручек, многу мали оброци и осум чаши вода во текот на денот.

„Се обидувам да јадам само органска храна: салати, риба и понекога тестенини. Не сум голем љубител на мрсната храна. Јадам мали порции, но затоа пак јадам почесто“ – вели Никол за својот режим на исхрана.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button