Диети

Диетата и вежбите на Мерилин Монро

Реклама
Реклама

И децении по нејзината смрт таа е симбол на женственоста и убавината. Мажите низ целиот свет воздивнуваат по неа, а жените сакаат да имаат тело како нејзиното, со природни облини.

Мерилин била висока околу 167 цм, а тежела просечно околу 54 килограми, иако тежината и варирала. Никогаш не била дебела, а не била ни премногу слаба (како што знаат да бидат денешните актерки и манекенки). Сепак, Мерилин не препуштала ништо на случајноста и постојано се трудела да се одржува во форма. Имала специјален режим на исхрана и вежбање.

Маркетинг

Како се хранела?

Маркетинг

Во 1952 година, кога имала 26 години, во интервју за магазинот „Pageant“ Мерилин ја ноткрила тајната на нејзината совршена форма. И самата признала дека многумина сметаат дека начинот на кој се храни е по малку бизарен, но таа не смета така.

„Пред да се истуширам ставам една чаша млеко да се стопли во мојата хотелска соба. Кога ќе стане жешко, кршам две живи јајца во млекото, ги мешам со вилушка, и ги пијам додека се облекувам. Ова го надополнувам со една мултивитаминска таблета, и се сомневам дека кој било доктор би можел да препорача похранлив појадок за една зафатена девојка во брзање“, објаснила Мерилин.

Ручекот обично го прескокнувала, а за вечера запирала во маркетот на патот накај дома и купувала стек, јагнешко или џигер кои ги варела и ги јадела со пет свежи моркови. И тоа е сé.

Сепак, бидејќи таа јадела малку во текот на денот, и тоа скоро целосно протеинска храна, навечер си дозволувала да се почести со сладолед со топол прелив.

Вежби

„Искрено, никогаш не сум го сметала моето тело за нешто посебно; сé до неодамна воопшто и не размислував за него. Мојата најголема грижа беше да јадам доволно. Сега треба да се грижам што јадам премногу. Никогаш не сум се оптоварувала со вежби. Сега вежбам барем 10 минути со тегови  секое утро. Си смислив мои вежби, за мускулите кои сакам да ги зајакнам, и знам дека се вистински за мене бидејќи чувствувам како ги раздвижувам вистинските мускули додека вежбам“, вели Мерилин во интервјуто.

Секое утро откако ќе станела и ќе се измиела, таа легнувала на подот покрај креветот и почнувала со првата вежба за зацврстување на градите. Во двете раце земала тегови од по 2,5 килограми и ги кревала така што од положба со раширени раце ги донесувала во положба над главата. Полека повторувала 15 пати. Потоа ја повторувала вежбата уште 15 пати почнувајќи од позицијата на рацете над главата. Потоа рацете со теговите ги ставала пред себе држејќи ги под агол од 45 степени и правела кружни движења додека не се измори. „Не бројам ритмично како луѓето што вежбаат на радио; не би можела да го поднесам вежбањето ако треба да се чувствувам како под режим“, рекла Мерилин.

Начинот на исхрана на Мерилин Монро во пракса

Пред неколку години, новинарката Ребека Херингтон одлучила самата да го испроба режимот на исхрана на Мерилин. Најголемиот предизвик претставувале живите јајца за појадок, поради стравот од салмонела. Сепак вкусот на напитокот на Мерилин бил убав и наликувал на пунч од јајца, без додатни зачини. Најтешкиот дел било гладувањето по цел ден, до вечерата по која таа се чувствувала гладна како и воопшто да не јадела ништо. По третиот ден се чувствувала гладно и исцрпено, а што е најважно од сé, воопшто не изгубила од тежината. И покрај постојаните болки во стомакот и тоа што не можела да спие од постојаното чувство на глад, Ребека издржала на диетата цели десет дена по кои не изгубила ни грам, само градите малку и се зацврстиле поради вежбите со теговите.

Е сега се наметнува прашањето зошто Мерилин воопшто се измачувала и изгладнувала со оваа нездрава и неделотворна диета?

Дали би издржале на ваков начин на исхрана?

Извори: marilynmonroepages.com, nymag.com
Фотографии: stuckandgunnershow.com, 2.bp.blogspot.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button